Контакт

Регион

Весели предлага повлекување на таксите на 120 дена

Објавено пред

Претседателот на парламентот во Косово, Кадри Весели преку својот профил на „Фејсбук“ предложи укинување на таксите за производите од Србија и БиХ на 120 дена.

dobivaj vesti na viber

Весели истакна дека со предлогот го запознал и американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, на средбата на која присуствувал и премиерот Рамуш Харадинај.

Тој додава дека ако за 120 дена не се случат радикални промени во однесувањето на Србија и БиХ, таксата ќе биде вратена.

 

Регион

(Видео) „Целата беше помодрена од студот“: мајка и ќерка ја опишуваат борбата за живот во поплавите во БиХ

Објавено пред

Лејла Залихиќ, жителка на Бутуровиќ Поле, е една од оние што ги преживеаја драматичните поплави во Босна и Херцеговина. Приказната за борбата за нејзиниот и животот на ќерка ѝ Асја ја замрзнува крвта во вените, пренесува„Ал џезира“.

dobivaj vesti na viber

Луѓето се спасуваа како што се снаоѓаа. Некој беше качен на покривот на куќата, некој на куполата на џамијата. За тоа најдобро сведочат приказните на самите локални жители, кои не може да се споредат ниту со најстрашните сценарија на холивудските филмови кога се во прашање природните катастрофи, анализира медиумот.

Според написите, Лејла Залихиќ е мајка херој, која скокнала од третиот кат од својата куќа, испливала три километри во пороите и ја спасила својата 13-годишна ќерка за време на катастрофалните поплави што го зафатија Бутуровиќ Поле.

Лејла, ќерка ѝ, сопругот и свекрвата ноќта на катастрофалните поплави завршиле во поплавата, а нивната куќа била уништена.

По страшниот настан, Лејла и ќерка ѝ раскажале што им се случило.

„Мене ме однесе водата. Се вртев во круг и така зедов воздух“, се присетува Лејла.

„Слушнав како некој вика, викаше за помош и го викаше моето име. Мислев – нема кој друг да биде, освен мајка ми или баба ми“, раскажува ќерката на Лејла, Асја, а Лејла додава:

„Јас велам: „Асја, ти си тоа? Таа вели: „Јас сум“. Потоа добив сила, се нурнав меѓу дрвјата. Ме удри во главата, но некако стигнав до неа, цела беше помодрена од студот“.

Ќерката на Лејла, Асја, се присетува како успеала да остане на површината.

„Ставив малку дрва под мене за да не морам да пливам, туку да се одржувам на површината на водата. Во меѓувреме се раздени, па можев да гледам. Потоа поминавме низ шумата. Дождот удри уште посилно, беше студено, беше страшно“, опишува таа.

Прикажи повеќе...

Регион

Во поплавите во Босна загина поранешен фудбалер, го пронашле гушнат со сопругата

Објавено пред

Меѓу жртвите во поплавите во Босна и Херцеговина е и еден поранешен фудбалер – Јасмин Чилиќ, кој до пред извесно време настапувал за нисколигашот „Клис“ од Бутуровиќ Поле.

dobivaj vesti na viber

Неговото безживотно тело било пронајдено во прегратка со сопругата, која исто така го загубила животот.

„ФК ‘Клис’ изразува сочувство до семејствата, пријателите и познајниците на сите жртви. Во Бутуровиќ Поле меѓу жртвите и исчезнатите има наши долгогодишни навивачи, а поплавата во Јабланица му стави крај на животот на поранешниот фудбалер на ФК ‘Клис’, Јасмин Чилиќ“, се вели во објавата на овој босански клуб.

Најмалку 20 лица загинаа во поплавите што деновиве ја погодија БиХ. Најпогодени беа Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница, а беа прогласени денови на жалост и сите спортски настани во земјата минатиот викенд беа одложени.

Прикажи повеќе...

Регион

Два земјотреса во Грција: првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9

Објавено пред

Два силни земјотреса утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил на островот Крит.

dobivaj vesti na viber

Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Најдоцна во јануари Јаневска ќе го распише тендерот од половина милијарда денари за учебници по странски јазици

По најавата дека учебници по странски јазици ќе има за сите ученицни, но од следната учебна година, министерката за образование...

Македонија42 минути

Вонредни инспекции на Детската клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија, формирана од министерот за здравство, од утрово прават увид во Универзитетската клиника...

Македонија43 минути

(Видео) Мицкоски – Вучевиќ: Во овие турбулентни времиња неопходно е да бидеме заедно

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ, истакна македонскиот премиер...

Економија52 минути

Претседателката на ММФ: Живееме во свет на бавен економски раст и високи долгови

Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на земјите да се приспособат на бавниот економски раст и високиот долг бидејќи...

Македонија1 час

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за...

Свет2 часа

Орбан: Ќе им ги однесеме мигрантите во Брисел и ќе им ги оставиме пред канцелариите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе ги однесе мигрантите во Брисел и...

Регион5 часа

„Заедно до крај“: беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи. Ситуацијата е тешка во неколку...

Македонија5 часа

ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во...

Регион5 часа

Две лица загинаа во пожар во стан во Белград

Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош. Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан...

Свет5 часа

Фицо: Сè додека сум на власт, ќе се трудам да го блокирам членството на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе се обиде да го блокира членството на Украина во НАТО се додека...

Свет5 часа

(Видео) Пожар во складиште за нафта на Крим: Русите велат човечки фактор, Украинците тврдат дека се дронови

Во Феодосија на југоисточниот дел на Крим е прогласена вонредна состојба поради пожар што избувна во складиште за нафта, соопшти...

Свет5 часа

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по...

Свет5 часа

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се...

Македонија18 часа

Таравари потврди дека била одбиена хоспитализација на починатото бебе

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој...

Регион20 часа

Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се...

Македонија21 час

Тошковски: Лага е дека сум расчистил само еден случај како министер и сум разочаран од некрофилските обиди на СДСМ

„Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие...

Топ23 часа

Детали за пукањето во Чаир: Излегол од возило и со пиштол пукал во 19-годишник кој одел пеш по улица

По вчерашното пукање во скопски Чаир, Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за настанот. Од полицијата велат дека...

Спорт1 ден

Министерот Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на маратонот

Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20. издание на Скопскиот маратон, упатувајќи...

Регион1 ден

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со...

Македонија1 ден

Обилните врнежи ја загадија водата за пиење во Гостивар

Пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба Деребој, кај подвозникот за село Фалише...