Регион
(Видео) Австриски новинар насилно сакал да влезе кај Грабар-Китаровиќ

Во просториите на Хрватската стопанска комора во вторникот наутро почна хрватско-австрискиот економски форум за време на кој се случи мал инцидент.
Austrijski novinar koji je izazvao incident u HGK! Ušao na sastanak dvoje predsjednika! Osiguranje ga izbacilo! @novahr @DNEVNIKhr pic.twitter.com/7VN4L5vz7y
— SABINA TANDARA KNEZOVIĆ (@SABINATK) September 11, 2018
Австрискиот новинар на „Кроненцајтунг“ насилно се обиде да влезе во собата каде што Колинда Грабар-Китаровиќ и австрискиот претседател Александар ван дер Белен водеа приватен разговор.
Кога насобраните се обиделе да го спречат да влезе, Австриецот почнал да негодува и да вика дека Хрватска е полициска држава по што осигурувањето морало да го спречи со примена на сила.
Имено, репортерот мислел дека само нему не му се дозволува да влезе во просторијата бидејќи претходно го видел официјалниот фотограф внатре.
Останува да се види дали ќе има санкции за споменатиот новинар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.