Регион
(Видео) Вучиќ: Компромисно решение за Косово не е на повидок
Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека компромисно решение за Косово не е на повидок и дека не е оптимист по тоа прашање.
„Конечно ќе биде кога ќе биде конечно, а не пред тоа. За тоа ќе зборувам ако биде можно постигнување на такво решение. Сега такво решение нема. Дали е на повидок? Мислам дека не е. Не сум оптимист“ изјави Вучиќ.
Тој истакна дека на седницата на Советот за национална безбедност биле донесени повеќе мерки и одлуки за припадниците на војската и повеќе препораки за Владата и другите безбедносни сили.
Вучиќ нагласи дека на седницата се разговарало за ситуацијата на Косово и Метохија, потсетувајќи дека денеска истекува најновиот рок за обврската на Косово во фромирањето на ЗСО. Тој нагалси дека се остваруваат и потврдуваат неговите предупредувања и сомнежи дека косовските власти ни овојпат со прст нема да мрднат за да се формира Заединцата на српски општини.
„Драги Срби, ве молам во врска со ова да не преземате ништо што поединци меѓу Албанците, или дел од меѓународната заедница, ќе го искористат како изговор за преземање какви било акции против вас. И токму поради тоа, во овие денови во нашата јужна покраина, или во помал дел од меѓународната заедница, гласно се слуша зборот и јасно се гледа дејствувањето на оние кои, наместо да ги извршуваат преземените обврски кон Србија и Србите, овој период го користат српскиот народ на Косово и Метохија, со секојдневни закани и организирано ширење гласини, да внесат немир и страв“, порача Вучиќ.
Токму поради овие причини, додаде Вучиќ, на српските власти мирот им е најголем интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

