Регион
(Видео) „Ги зедов да ги заштитам“: првите зборови на таткото што ги држеше децата како заложници во Драч

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца додека пукаше со „калашников“ во станот, наводно рекол „дека ги зел децата за да ги заштити“.
Првите резултати од истрагата покажуваат дека тој ги зел децата како заложници додека бил под дејство на наркотици, но се чекаат резултатите од истрагата, а полицијата сѐ уште истражува кој бил мотивот за ваквиот драматичен чин.
Во овој момент не се знае дали уапсениот татко има психички проблеми и каква е состојбата во семејството.
Соседите ја слушнале пукотницата околу 2.20 часот и веднаш повикале полиција, која бргу дошла на местото на настанот. Утврдено е дека пукањето од автоматско оружје се случило во изнајмен стан, кој Алекс го изнајмил пред една недела.
Полицијата веднаш почнала преговори со него, но Алекс одбил да го спушти оружјето и да ги предаде децата. Тој испукал неколку истрели во самиот стан и од терасата.
Во раните утрински часови полицијата успеала да влезе во станот, а Алекс се предал полугол. Децата биле пронајдени неповредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.