Контакт

Регион

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Објавено пред

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за нов полициски час поради порастот на бројот на заразени од новиот коронавирус.

dobivaj vesti na viber

Полицијата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, во оклопни возила и голем број лица во цивил.

Пред парламентот синоќа се собраа неколку илјади граѓани, кои скандираа „Србија стана“ и „Уапсете го Вучиќ“. Демонстрантите фрлаа запалени факли, а во еден момент успеааја го пробијат полицискиот кордон и да влезат во холот на парламентот, но беа одбиени со солзавец. Зградата ја чуваа стотици полициски специјалци, кои се обидуваа да ги спречат демонстрантите да влезат во парламентот.

Претседателот Вучиќ во обраќање синоќа рече дека состојбата со епидемијата е критична и најави заострување на мерките, меѓу кои и воведување полициски час во земјата од петок до понеделник. Во Србија во изминатите 24 часа беа забележани 13 смртни случаи на Ковид-19, најмногу од почетокот на епидемијата, а во изминатите денови бројот на новозаразени постојано расте.

За попладнево е закажан нов протест.

Од денеска во Белград стапува во сила забраната за собирање повеќе од пет лица во затворен простор и на отворено, а полицискиот час е од петок до понеделник.

Регион

Вучиќ за посетата на Москва: Последиците ќе ги почувствувам лично јас, Западот се заканува наместо да изрази разбирање

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговата посета на Москва е важна од конкретни, рационални причини, вклучувајќи ги прашањата за енергијата и билатералните односи, но дека наместо разбирање од Западот, тој добива закани и обиди за заплашување.

dobivaj vesti na viber

„Не очекувам рационални одговори, туку притисок“, рече Вучиќ коментирајќи ги реакциите на западните претставници на неговото патување во Москва по повод Денот на победата.

Вучиќ нагласи дека тој лично првенствено ќе ги почувствува последиците од присуството на Парадата на победата. Тој исто така даде емотивен коментар за историските односи меѓу Србија и Западот:

„Наместо да се однесуваат благо кон нас, што би било логично, да речат – направивме неправда кон таа мала, но горда земја, кон тој бунтовен народ, што друго сакаме од нив? Да навиваат за нас затоа што ги бомбардиравме, затоа што беа убиени 2.500 луѓе?“, рече Вучиќ.

Тој ги обвини западните политичари дека не ѝ нудат на Србија разбирање, туку само закани и заплашување. Тој особено го издвои европратеникот Тонино Пицула велејќи дека и тој му испратил слични пораки.

Коментирајќи ги студентските протести во Белград и барањата за предвремени парламентарни избори, Вучиќ рече дека ќе има избори, но кога – тој ќе одлучи.

„Подгответе се за избори, тие нема да траат долго, но нема да ги распишат оние што се сметаат за неспособни, туку јас“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ исто така упати низа прашања до Западот забележувајќи двојни стандарди кон Србија.

„Дали мислите на Јасеновац? Одземањето на Косово? Воените сојузи што ги направивте – Хрватска, Албанија, како велите Косово? Значи, сакате да ги проширите кон Бугарија?“, рече Вучиќ коментирајќи ги пораките што, како што вели, младите луѓе во Србија ги добиваат од западните дипломати.

Зборувајќи за неговата неодамнешна посета на САД и престојот на Флорида, Вучиќ ги отфрли тврдењата дека бил запрен или дека бил непосакуван гостин. Тој рече дека неговата цел не била да се фотографира со Доналд Трамп, туку да разговара за конкретни теми важни за Србија.

„Веќе петпати сум бил со Трамп. Не ме интересира имиџот. Ме интересира што можам да направам за мојот народ. Го почитувам американскиот претседател и мислам дека тој прави многу добри работи за светот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека му е особено жал што не можел да присуствува на настанот организиран од Скот Бесент и Ричард Гренел бидејќи нивните царини се одлучуваат таму.

Вучиќ ја прекина посетата на САД минатата недела поради наводни здравствени проблеми и итно се врати во Белград, потсетуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

Несреќата со три жртви во Хрватска ја предизвикал пијан возач

Објавено пред

Вчеравечер околу 23 часот во градот Подградина, во општина Сливно, Хрватска, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа три лица.

dobivaj vesti na viber

Полициската управа на Дубровничко-неретванската жупанија соопшти дека за несреќата е виновен 73-годишен маж. При вклучување во сообраќај со патничко возило тој не ги пропуштил сите возила што се движеле по коловозот означен како пат со првенство на минување.

Тој со своето возило удрил во патничко возило со дубровнички регистарски таблички, кое, поради силата на ударот, се одбило и ја пробило заштитната ограда по што слетало во коритото на реката Мала Неретва и потонало на дното.

Загинале три лица, кои биле во потонатото возило. Станува збор за хрватски државјани на возраст од 77, 61 и 48 години.

73-годишниот маж што ја предизвикал оваа сообраќајна несреќа претрпел полесни повреди, а алкотестот утврдил дека возел под дејство на алкохол во концентрација од 1,46 г/кг. Тој моментно е во полициски притвор, каде што против него се води кривична истрага за кривично дело предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, објавија хрватските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Автомобил излета од пат и заврши во река, нуркачи извлекоа тела од водата: тешка несреќа во Хрватска

Објавено пред

Три лица загинаа во среда вечерта во тешка сообраќајна несреќа во градот Подградина во општина Сливно, откако автомобил излетал од патот и завршил во реката Мала Неретва, објавија хрватските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Сите служби веднаш излегоа на местото на настанот, но немало начин да се спасат луѓето.

„Во коритото на реката Мала Неретва, нуркачите пронајдоа возило превртено на покрив. Со помош на кран за влечење, автомобилот беше извлечен од реката во 1:30 часот“, соопшти хрватската полиција.

Телата биле пронајдени на задното седиште од возилото, објави 24сата.хр.

Загинатите се лица родени во 1977, 1948 и 1964 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ1 час

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија2 часа

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија2 часа

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...

Македонија2 часа

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија3 часа

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, заедно со...

Македонија4 часа

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија4 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ5 часа

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија6 часа

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија7 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет7 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион8 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...

Свет8 часа

„Њујорк тајмс“: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа8 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет9 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа9 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...

Македонија22 часа

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди за ЕУ, порача Милановиќ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија,...

Македонија23 часа

Движењето ЗНАМ до СДСМ: Крадецот вели – држете го крадецот, ние сме дома и градиме за нашите граѓани, а не во Дубаи

Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската...

Македонија24 часа

Сиљановска – Давкова со Милановиќ: Ветото ќе предизвикува проблеми, ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ, да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам

Во рамки на официјалната посета на хрватскиот претседател на нашата земја беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и...