Регион
(Видео) Невреме ја зафати и Грција: на делови од земјата им се заканува бура и грмотевици
Државниот и Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција се во состојба на готовност поради невремето што веќе почна да ја зафаќа земјата, а кое, според метеоролозите, ќе трае до среда вечер. Имено, вчера беа испратени првите пораки од 112 на мобилните телефони на граѓанита од Западна Грција и Тесалија.
Воедно, итното предупредување за влошување на времето, издадено во неделата, беше засилено и со итното предупредување за опасни временски појави според најновите прогнози. Што се однесува до Атика, се предвидува зголемена облачност, па во вторник во пладневните и попладневните часови ќе има врнежи од дожд и можно невреме.
Невремето најпрвин стигна до областите на Западна Грција носејќи силен дожд и ветер во текот на ноќта.
До 1.000 мм дожд за 12 часа е забележан на подрачјето на Закинтос, а на Јонските Острови од 50 до 70 мм дожд, соопштија метеоролозите.
На Крф паднале 140 мм дожд, пишуваат грчките медиуми.
На Закинтос се урнал дел од ѕидот, во метохијата Агиос Дионисиос во областа Калитеро, на провинцискиот пат Закинтос-Каламаки поради што бил затворен дел од патот.
Најмалку четири пумпи за вода беа распоредени за испумпување вода од куќи и продавници, четири лица беа ослободени од автомобил во селото Махаирадос, а се запали и рефлектор во училиште во селото Литакија.
Лошото време, кое веќе ги зафати Јонските Острови, се предвидува дека ќе предизвика опасно време во Грција до среда на 11 август попладне со пороен дожд и невреме, главно во западниот, централниот и во северниот дел на копното, како и на островите во северниот и источниот дел на Егејското Море.
Појавите ќе бидат придружени со голема фреквенција на грмежи, град и силен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

