Регион
(Видео) Паника и врескање – земјотресот од 5,3 степени ја прекина изјавата на Тачи во Албанија
Додека претседателот на Косово, Хашим Тачи, даваше изјава во Туман, Албанија, земјата ја погоди уште еден силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Тачи во тој момент прекина да зборува и настана паника, а на видеото може да се слушне и врескање.
Потресот се случи во 15 и 45 часот, а беше почувствуван и во нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Пукање во Цетиње: Убиени неколку лица, напаѓачот во бегство
Во ресторан во Цетиње денеска во попладневните часови А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзеде животите на неколку лица, пренесува „Побједа“.
Вооружен го напуштил објектот и побегнал.
„Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и да ги гонат сторителите“ соопшти полициската управа.
„Ја информиравме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи.
За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, соопшти Управата на полицијата.
Беше соопштено дека најпрвин дошло до тепачка во кафеана на периферијата на Престоница, по што бараниот извадил оружје и пукал.
Радио Цетиње пишува дека неколку лица, меѓу кои и две деца, загинале во крвавиот напад што се случил денеска попладне во кафеана во Цетиње, кога осомничениот чиј идентитет и е познат на полицијата убил четворица мажи, ранил двајца, а потоа побегнал.
Радио Цетиње пишува дека недолго потоа било објавено дека во друга населба убил две деца и ранил една жена. Полицијата наведува дека се работи за А.М. од Цетиње, по што трагаат.
Регион
Вучиќ: Центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина нема да ја сменат власта во Србија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им порача на центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина дека „залудно се надеваат и нема да ја сменат власта во Србија“.
Вучиќ рече дека за утре е закажан состанок со американски претставници за енергетиката и рече дека српската страна ќе се бори за зачувување на енергетиката на Србија и секоја друга стабилност.
„Утре ќе имаме значајни разговори со нашите американски партнери од врвот на американската политика за енергетиката, а особено за санкциите против српската нафтена индустрија. Ќе се бориме за интересите на нашата земја, но во исто време и за зачувување на стабилноста во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на нашиот пазар и во обновата, не само опстанокот, туку и забрзаниот напредок на нашата земја – изјави Вучиќ во видео порака на Инстаграм.
Претседателот на Србија додаде дека годинава очекува раст во автомобилската индустрија.
– Сигурен сум дека со заедничка огромна енергија во сите други области од општественото живеење, од градежништвото до земјоделството, можеме да направиме огромни чекори напред. Верувам во работата, верувам во трудољубивоста на нашиот народ и сигурен сум дека заедно можеме да го постигнеме резултатот што го зацртавме, а тоа е да бидеме најуспешната или најбрзо растечката економија во Европа во 2025 година – рече Вучиќ.
– П.С. Мојата порака до центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина: Среќна Нова година и залудна надеж, нема да ја смените власта во Србија – напиша Вучиќ.
Регион
Мајка пријавила дека нејзината ќерка била силувана од двајца непознати мажи во Приштина
Жена од Приштина пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била силувана од двајца непознати мажи, пишува „Газета експрес“.
Како што пренесува овој медиум на албански јазик, за овој случај е известен и обвинителот.
Во пријавата пишува дека на „31.12. жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била силувана од две непознати лица“.
Истрагата за овој случај е во тек, според написот во медиумот.