Регион
(Видео) Пожари кај Подгорица, ветрот го отежнувал гаснењето

Пожари избувнаа на повеќе локации во Подгорица доцна синоќа, а голем пожар гореше во населбата Велје Брдо.
Утрово овој пожар е локализиран, а првиот човек на Службата за заштита и спасување, Горан Јанковиќ, рече дека пожарникарите излегле на теренот во Велjе Брдо и засега куќите и далноводите не се загрозени.
„Вчера, во текот на целиот ден имавме голем пожар на Велjе Брдо, потпомогнат од силен северен ветер. Беше многу тешко да се изгасне, се формираше голем прстен на оган“, изјави Јанковиќ за РТЦГ.
Тој рече дека пожарот бил ставен под контрола и нема оштетување на објектите.
„Добро е што немавме штети на објектите или повредени лица“, рече Јанковиќ.
Паралелно со пожарот врз Велjе Брдо, синоќа гореше на уште 6 локации во градот, на подрачјето Забјела, Коника и градската општина Голубовци.
„Овие пожари беа исто така локализирани и брзата реакција спречи појава на огромни пожари“, рече првиот човек на Службата за заштита и спасување на главниот град.
Јанковиќ истакна дека пожарот во Велjе Брдо бил подметнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.