Регион
(Видео) Рама: Гласаме за онаква Албанија каква што ја сакаме сите
Албанскиот премиер, Еди Рама по гласањето на локалните избори порача дека овие избори се за Албанија да биде онаква, каква што ја сакаат граѓаните и потенцира дека е многу важно да се почитува правото на секој граѓанин, без оглед дали одлучил да гласа или не.
„Денеска е важен ден за Албанија. Верувам дека овој ден еднаш и засекогаш ќе потврди дека никој не може да си поигрува со народот. Суверенитетот на народот не е празен збор, па оној кој се обидува да го одземе ќе се соочи со крај, неуспех и самотија. Важно е да се почитува секое право на граѓаните, безразлика дали гласаат или не. Историјата нам ни вели дека ова се избори за Албанија – онаква каква што ја сакаме за нашите деца“, изјави Рама.
Од друга страна, опозициската Демократска партија, која заедно со обединетата албанска опозиција ги бојкотира изборите, го обвини Рама дека купува гласови дури и во оваа изборна трка каде во голем број општини единствен кандидат е неговата партија на гласачките листи.
Гласачите во 61 град и општина во Албанија денеска бираат градоначалници, а на половина од овие места нема противкандидати за владејачките социјалисти. Опозицијата претходно повика на бојкот и смена на премиерот Еди Рама, а поради стравувањето од насилни конфликти денеска на изборите, властите ангажираа и воени командоси. Пред четири месеци, целиот опозициски блок ги врати своите мандати и целосно го напушти албанскиот парламент, а претседателот Илир Мета потпиша указ за одложување на изборите, меѓутоа владејачката партија на Рама се спротивстави, а и изборната комисија во земјата наложи изборите да се одржат според предвиденото. Бојкотот на опозицијата наиде на критики и од страна на ЕУ и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

