Регион
(Видео) Снимки од силните потреси во Хрватска: „Куќата се тресеше како да е од хартија“
Хрватска утрово беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а потоа следеа уште два силни потреси од 4,7 и 4,1 степен.
Првиот потрес се случил утрово во 6:28 часот, на само пет километри од Петриња, на длабочина од два километра. Градоначалникот на тоа место рече дека има штети.

„Нè погоди силен земјотрес, никогаш не сум го доживеал ова. Не знам дали има жртви, има материјална штета. Мислам дека Петриња доживеа катастрофа. По војните, по корона-кризата, само уште земјотрес ни требаше. Од централната власт очекуваме навремена помош. Утре. Веднаш. Вчера“, изјави Даринко Думбовиќ за хрватските медиуми и додаде дека во градот владее паника.
По првиот, следеше уште еден силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. ЕМСЦ известува дека тој се случил во 7:50 часот, а епицентарот бил недалеку од Петриња.

Третиот земјотрес бил со јачина од 4,1 степен.
Петриња се наоѓа на само 50 километри југоисточно од Загреб и 13 километри југозападно од Сисак.
Шефицата на сеизмолошката служба во Хрватска, Инес Иванчиќ, ги предупреди граѓаните на можност од нови земјотреси во наредните часови и денови.
На социјалните мрежи се појавија и првите снимки од најсилниот земјотрес, направени од надзорните камери во Сисак.
Security camera captures #earthquake #potres in Sisak, Croatia. pic.twitter.com/Uu38RQqkY1
— mike (@MambaMike13) December 28, 2020
„Огледалото падна покрај мојата глава. Куќата се тресеше како да е направена од хартија. Лежев неподвижна во креветот и се покрив со јорганот над глава. Татко ми дојде по мене за да излеземе надвор”, изјавила за хрватските медиуми девојка од Сисак.

Во меѓувреме, пристигнуваат и други фотогроафии од материјалната штета причинета од потресите.
Kuća se tresla kao da je od papira, tvrdi uplašena hrvatica (FOTO) #Hrvatska #Croatia @LastQuake #zemljotres #quake https://t.co/IU0ihmuiAa
— Radio Sarajevo (@radiosarajevo) December 28, 2020

Jak zemljotres koji je jutros u 6.28 pogodio Hrvatsku osetio se najjače u Sisku, Petrinji i Zagrebu, a veliki broj građana je u strahu od novih potresa istrčao na ulice.#Sisak #Croatia #earthquake https://t.co/RvNwhrlPYO
— espreso.rs (@RsEspreso) December 28, 2020
По потресите нема дојави за жртви, но пријавени се сериозни материјални штети.
Според пишувањата на хрватските медиуми, земјотресот бил почувствуван во цела континентална Хрватска, дури и на крајбрежјето, а РТРС известува дека земјотресот бил почувствуван и во Бања Лука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна.
Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на респиратор.
Заменик-директорот за пулмологија Спасоје Попевиќ денес изјави дека неговата здравствена состојба останува сериозна, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда навечер.
„Тој е сè уште во сериозна здравствена состојба. Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација и во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба“, рече Попевиќ.
Тој додаде дека е прерано да се даваат какви било прогнози.
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е нешто подобра. Вучиќ ја даде изјавата од авионот, пренесува РТС.
Регион
(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.
„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.

