Регион
(Видео) Српски функционер привлече внимание со уникатна заштитна маска

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, вчера го посети Научнотехнолошкиот парк во Белград, каде што беа презентирани иновации на експерти.
Сепак, вниманието го привлече човекот зад неа, кој носеше необична заштитна маска.
Станува збор за Иван Ракоњац од Фондот за иновациски дејности, кој носеше маска каква што досега не сме имале можност да видиме. Се работи за маска за повеќекратна употреба, која може да се користи и до три месеци со стерилизација, а нејзин творец е Никола Крстиќ од Белград.
Српскиот Фонд за иновациски дејности до крајот на март одобри 53 милиони динари (околу 450.000 евра) за финансирање 12 иновативни проекти за борба против коронавирусот.
Еден од проектите за кои е одобрено финансирање од Фондот е и т.н. лајф маск, нов вид заштитна маска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.