Регион
Тажни сцени од населбата Мати во Грција по ужасниот пожар
На фотографиите можете да ги видите изгорената земја, растенијата и дрвјата, а целата населба е како град на духови.
Страшниот пожар што ја погоди Грција, и тоа областа во источна Атика, во јули однесе 96 животи, а голем број луѓе беа повредени. Огнот избувна одеднаш и поради силниот ветер, се ширеше незапирливо.
Спасувачите не реагираа навреме, голем број локални жители и туристи настрадаа во обидот да избегаат од огнот.

Најтешко погодена област беше населбата Мати, која стана симбол на најголемата национална трагедија во Грција.
Фотографии на оваа населба неодамна беа објавени на фејсбук-страницата Live from Greece и луѓето сè уште може да видат каков пустош остави огнот.
Девојката што ги објави фотографиите нагласува дека во воздухот се чувствува чад и глетката е толку тажна што душата те боли.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на 4 септември ја посети населбата со цел да види како напредува санирањето на штетите од ужасниот пожар.
Според новинската агенција АХА, грчкото Министерство за внатрешни работи досега им даде околу 6,5 милиони евра помош на 2.647 ранливи лица за покривање итни трошоци. Исто така, пари добија и 1.112 корисници за поправка на куќите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

