Регион
(Видео) Хрватска пратеничка отстранета од седница – одбила да стави маска

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, ја отстрани пратеничката Каролина Видовиќ-Кришто од седница затоа што одбила да стави заштитна маска.
Таа побарала од Националниот штаб за цивилна заштита да ја укине обврската децата да носат маски.
„Прво ставете маска или ќе морам да ве исклучам од расправата“, ѝ рече Јандроковиќ, а потоа додаде: „Имаме пет минути пауза, а вас, госпоѓо Кришто, ќе ве исклучам од седницата до крајот на денот“.
Видовиќ-Кришто на седницата побарала да се укине обврската децата да носат маски повикувајќи се на научни истражувања за кои тврди дека покажуваат дека носењето маски не придонесува за намалување на ризикот од зараза со коронавирус и дека може да предизвикаат здравствени и психолошки проблеми кај децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Регион
Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA C-295 на српската армија, кои ќе бидат згрижени во Воената медицинска академија и во Клиничкиот центар на Србија, јави Танјуг.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои претходно биле пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. За да им се пружи помош на повредените, планирано е двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и еден медицински техничар – инструмент-оператор да останат во Македонија, пренесе српски Телеграф.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Регион
Новак Ѓоковиќ го објави македонското знаме со црна панделка

По големата трагедија се случи во Кочани, Македонија, каде што најмалку 59 лица го загубија животот по пожар во дискотека се огласи и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна позадина, испраќајќи поддршка до семејствата на загинатите и повредените.