Регион
Владата на БиХ ќе поведе тужба против Република Српска

Владата на Федерацијата БиХ, денеска, му дала согласност на Федералното министерство за финансии да поведе тужба против Република Српска тврдејќи дека Федерацијата била оштетена при распределбата на приходите од индиректните даноци, пренесуваат босанските медиуми.
Оваа одлука е донесена едногласно на седница на владата.
Пред еден месец владата на Република Српска поднесе во босанскиот суд тужба против Федерацијата БиХ поради долг од распределбата на приходите. Како што соопштија тогаш од владата на РС, тужбата е поднесеа за надомест на штета од 34.571.047 конвертибилни марки и се односува на периодот од јули 2017 до декември 2018 годинз.
Сараевскиот портал „Кликс“ претходно пренесе дека станува збор за тужбено барање од 32 милиона конвертибилни марки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.