Регион
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница на барање на Србија и Русија по повод одлуката на Приштина за формирање војска, а на која ќе се обрати и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Седницата ќе се одржи во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по српско време, и ќе биде отворена за јавност. На седницата ќе присуствува и претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Вучиќ на вчерашната вонредна прес-конференција изјави дека денеска во Њујорк ќе се бори за Србија со сето срце.
„Се спремам за Советот за безбедност на ОН. Ќе летам со ‘Ер Србија’ наутро и одам право на седница. Ќе се борам“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека на крајот на седницата ќе има право на реплика. „Не сум одлучил уште во кој дел ќе зборувам на англиски. Но не е моја работа да ги убедувам нашите луѓе, туку оние кои сакаат таму да слушаат. Утре ќе донесам конечна одлука“, реече Вучиќ.
Тој оцени дека косовската војска е формирана против интересите на српскиот народ. „Таа не може да ја загрози нашата војска, но може да го загрози опстанокот на нашиот народ. Сè тоа е спротивно на тоа што Тачи го зборуваше“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.