Регион
Ги задави сопругата и синот, полицијата на БиХ се сомнева дека извршил самоубиство: го пребаруваат езерото

Ниту во текот на претходната ноќ, полицијата во регионот на Бања Лука не го пронајде Емир Селимовиќ (38), кој се бара поради сомнение дека ги задушил сопругата Инела Селимовиќ (37) и нивниот 13-годишен син.
Како што е потврдено за „Кликс“, во рамките на потрагата по бегалецот Емир Селимовиќ, припадници на Специјалната антитерористичка единица на Министерството за внатрешни работи на РС, нуркачки тимови денеска го пребаруваат езерото Дренова кај Прњавор.
На оваа локација синоќа биле пронајдени последните траги на бегалецот Селимовиќ, поради што постои можност тој да се самоубил скокајќи во езерото. Како што дознава „Кликс“, пронајдени се неколку предмети за кои постои сомневање дека му припаѓаат.
Истовремено, полициски службеници преземаат и низа други мерки и дејствија во поширокиот регион на Бања Лука, врз основа на информации и сознанија за можни движења на Емир Селимовиќ, но кои се уште не се потврдени.
Покрај лоцирањето на мобилниот, полицијата кај Прњавор го пронашла и автомобилот „шкода фабија“, со кој Селимовиќ избегал.
Автомобилот, кој е на убиената, вчераутро го снимиле надзорните камери на автопатот „9. Јануари“, како и излегувањето од автопатот кај Прњавор. Потоа започнала потрагата во поширокото подрачје на регионот Бања Лука.
Хеликоптер вчера бил забележан над поширокото подрачје Прњавор како ја надлетува локацијата каде е пронајдено возилото и местото каде што се сомничи дека се крие Селимовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.