Регион
Во Бугарија 283 новозаболени од коронавирус, двајца починати

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени нови 283 случаи на коронавирус, врз основа на 3.713 тестирани примероци.
Во моментов во Бугарија има 5.837 активни случаи.
Според податоците од последниот пресек починале две лица, пренесува БТА.
Од почетокот на епидемијата во Бугарија биле заразени 21.870 лица, од кои 854 починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Над 500.000 луѓе излегоа на протестот во Белград, пишуваат српските медиуми

Студентски протест наречен „15 за 15“ беше организиран денеска во центарот на Белград. Масовноста на денешниот собир ќе се процени во наредните денови, но српските медиуми тврдат дека ова е еден од најголемите одржани досега во Србија.
Божо Прелевиќ, адвокат и поранешен министер за внатрешни работи на Република Србија, за порталот Нова.рс зборуваше за тоа колку луѓе присуствуваа на денешниот собир.
„Во моментов сум на протестот и можам да ви кажам дека Теразије, плоштадот Никола Пашиќ, улицата Крал Милан и плоштадот Славија се преполни… Како некој што учествуваше на 5-ти октомври, морам да кажам дека овде има повеќе луѓе и според мое верување, на протестот има повеќе од 500.000 луѓе. Не можам да проценам, затоа што е едноставно неразбирливо. Само што го поминав Зелени Венац, кој исто така е полн, а луѓето доаѓаат преку мостовите“, рече Прелевиќ.
Beograd je opet svet❤️✊ pic.twitter.com/ppWxZlndZh
— Lazar Stojakovic (@StojakovicL_) March 15, 2025
Според проценките на српското МВР, во пикот на протестот имало 107 илјади луѓе.
Регион
(Видео) Брнабиќ: Екстремисти ги нападнаа и студентите во блокада и студентите во Пионерскиот парк

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, вечерва изјави дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокада и студентите во Пионерскиот парк и нагласи дека нема да се дозволи насилство.
„Лага е дека некој од Пионерскиот парк нападнал некого. Јасен доказ дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокадите и студентите во Пионерскиот парк! Нема да се дозволи насилство“, изјави Брнабиќ на мрежата Х по тепачката после протестот.
Лаж је да је било ко из Пионирског парка напао неког. Јасан доказ да су ектремисти напали и студенте у блокадама и студенте у Пионирском парку! Насиље неће бити дозвољено. https://t.co/jBm3NUIX2z
— Ana Brnabic (@anabrnabic) March 15, 2025
Студентите на ФДУ вечерва околу 19 часот и 20 минути соопштија дека протестот организиран денеска повеќе не е студентски протест.
Регион
(Фото+видео) Група мажи претепале и клоцале млад човек пред Српското Собрание

Во близина на плоштадот Никола Пашиќ настанала тепачка во која група мажи претепале млад човек, јавуваат српските медиуми.
Според информациите, тие го тепале со тупаници и клоци и го собориле на булеварот. Тој останал да лежи, а група мажи го опколиле.
Жандармеријата со оклопни возила се упатила кон Собранието, пишува Нова.рс.
Двајца млади момчиња се уапсени, пишува на видео објавено на социјалните мрежи, без притоа да е наведена причината за тоа.
Dvojica mladića uhapšena su kod Skupštine. pic.twitter.com/f1IHMc51RC
— KRIK (@KRIKrs) March 15, 2025
Откако настанаа тензиите студентите се огласија на својот официјален Твитер профил и напишаа дека „студентскиот протест завршува“.
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) March 15, 2025