Регион
Во земјотресот во Драч загина свршеницата на синот на Еди Рама
Меѓу жртвите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија во раните утрински часови на 26 ноември е и свршеницата на синиот на албанскиот премиер Еди Рама, пренесе српски „Телеграф“ повикувајќи се на информации од РТВ2, од каде што информираат дека веста за смртта на својата свршеничка ја потврдил и Грегор Рама.
„Меѓу многуте жртви во оваа природна непогода под рушевините е пронајдена и мојата свршеница, заедно со нејзините брат, мајка и татко“, напиша Грегор Рама на „Инстаграм“.
Кристи Реци (24), која загина во земјотресот, дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана.
Дури и премиерот Еди Рама не можеше да ги задржи солзите кога новинарите го прашаа за информацијата што ја пренел син му, пишува „Телеграф“.
Албанскиот премиер рече дека не сака да зборува за работи што се лични.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:
„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.
View this post on Instagram
„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.
Регион
Во грчките пристаништа ветерот го запре поморскиот сообраќај – транспортот до многу острови е невозможен
Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер.
Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа, меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала.
Поради забраната, значително е во прекин поморскиот сообраќај во целата земја, а транспортот до многу острови во моментот не е можен, пренесуваат медиумите.
Според податоците на грчката метеоролошка служба, се проценува дека брзината на ветерот во регионот денеска ќе се зголеми, што значи дека би можел да достигне ниво на брзина на урагански ветер од 89 до 102 километра на час.
Регион
Во Црна Гора во тек е полициска акција против тутунската мафија
Во Црна Гора се презема акција против тутунската мафија.
Акцијата е иницирана од Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), пренесуваат локални медиуми.
Акцијата е со цел да се спречи шверцот на цигари преку пристаништето Бар, според порталот РТЦГ.
Станува збор за континуирана акција против нелегалната трговија со цигари.
Повеќе детали за акцијата засега не се познати.