Регион
Во последните 24 часа во Косово починале 14 лица од Ковид-19

Во последните 24 часа во Косово починале 14 лица од Ковид-19, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи на 341, соопшти Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во истиот период, тестирани се вкупно 506 примероци земени од клиниките, регионалните болници и контакти на претходно заразени, од кои 172 биле позитивни на Ковид-19. Вкупниот број на позитивни случаи досега во Косово е 10.419 лица.
Во последните 24 часа, излечени се 114 пациенти, додека вкупниот број на излечени досега е 6.058.Во моментов активни се 4.020 случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) „Започна со чад, а потоа се слушнаа сирени“: двајца повредени во пожар на туристички брод во Далмација

Хрватските пожарникари добиле повик за пожар на туристички брод во Макарска во 8:23 часот утрово. Горел бродот „Казанова“.
Полицијата потврдила дека пожарот започнал во кујната. „Далмација Данас“ дознава дека две лица побарале медицинска помош во Здравствениот центар во Макарска.
Неофицијално, дознале дека повредите се полесни изгореници.
„Започна со чад, а потоа се слушнаа сирени“, изјавил читател за „Далмација Данас“.
Полицијата и пожарникарите реагираа на местото на настанот. Пожарот е локализиран. Во тек е полициска истрага за да се утврди причината за пожарот.
Фото: принтскрин
Регион
Трагедија во БиХ: едногодишно дете се удави во базен пред куќа

Едногодишно дете се удави вчера во базен во дворот на семејна куќа во Козарац во близина на Приједор.
Според Аваз, несреќата се случила вчера попладне околу 17:30 часот.
На местото на настанот биле и членови на Полициската управа во Приједор, кои утврдиле дека нема елементи на кривично дело.
Фото: принтскрин
Регион
Србинка го убила сопругот со рачка од секира додека спиел: „Сакала да ѝ го префрли имотот“

Четириесет и петгодишна жена од Стара Пазова, Србија, го убила својот сопруг со рачка од секира додека спиел, а како што се сомневаат, нејзиниот љубовник и бил соучесник, пишува српски „Блиц“.
Според сосед на убиениот маж од Стара Пазова, жртвата со години живеела со сопругата, која на крајот го убила.
„Таа сакала имотот да ѝ биде префрлен, но тој одбивал. Поради тоа, тие постојано се карале. Таа беше проблематична, а тој беше навистина добар човек“, рекол жител на Стара Пазова.
Ќерката на убиениот човек раскажала дека на судбоносниот ден, нејзиниот татко им испратил порака од мобилниот телефон на колегите на работа, велејќи дека нема да доаѓа на работа.
„Тоа ни беше чудно на сите нас бидејќи татко ми не знаеше да пишува пораки, знаеше само да одговара на повици. Не се појави на работа кога требаше, што значи дека пораката најверојатно ја испратила од телефонот на татко ми, жената убиец“, рекла ќерката на убиениот.
Како што пишува „Блиц“, сопругата на убиениот маж, ноќта помеѓу 17 и 18 јули во Стара Пазова, го удрила својот сопруг неколку пати по главата со дрвена рачка од секира, по што тој починал на местото на настанот.
После тоа, таа повикала маж, за кој постои сомневање дека е нејзин љубовник, а ноќта помеѓу 18 и 19 јули, двајцата го однеле телото на 60-годишникот до полски пат, каде што го оставиле. Предметите со траги од крв ги фрлиле во нива со пченка недалеку од куќата на убиениот.
Фото: принтскрин