Регион
Во Словенија започна кампањата пред парламентарните избори

Еден месец пред парламентарните избори во Словенија, кои ќе се одржат во недела, на 24 април, официјално започна изборната кампања во која вечерва во ударните термини на телевизиските канали се соочуваат првите претседатели на политички партии и граѓански листи.
Денеска на полноќ истекува рокот за пријавување кандидати за пратеници во 90-членото Народно собрание. Откако кандидатските листи ќе бидат доставени до Државната изборна комисија, таа проверува дали се поднесени согласно законот.
До 3 април треба да се утврди распоредот на листите во изборните единици со жрепка, а списоците се објавуваат до 4 април.
Едномесечната изборна кампања трае до 22 април на полноќ, кога почнува предизборниот молк.
Покрај парламентарните избори, годинава Словенците имаат и претседателски избори, на кои актуелниот претседател Борут Пахор не може да се кандидира по два последователни мандати, како и локални избори за општински совети и градоначалници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.