Регион
Прв случај на бразилскиот вид на коронавирус во Словенија

Во Словенија е потврден првиот случај на бразилскиот вид на коронавирус, изјави денеска шефицата на групата експерти, Матеја Логар.
Таа на прес-конференцијата рече дека првиот случај е потврден во тричлено семејство во Марибор, пренесува порталот 24УР.
Таа додаде дека засега нема податоци дали некој друг се заразил и дека се надева дека нема да има понатамошно ширење.
Логар рече дека пациентот е сместен во болницата во Марибор, додека другите двајца членови на семејството закрепнуваат дома.
Говорејќи за општата состојба во Словенија, таа рече дека ситуацијата не напредува и дека не е можно да се ублажат мерките оваа недела.
Во текот на вчерашниот ден во Словенија, вирусот Ковид-19 е потврден кај 210 од 1.681 тестирано лице, а шест лица починале како резултат на вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.