Регион
Во Турција уапсени 53 од 78 лица осомничени за поврзаност со ФЕТО

Турската полиција спроведува уште една голема акција за приведување на лицата осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО. Издаден е налог од турското Јавно обвинителство за приведување 78 лица по што уапсени се 53 осомничени.
Постапувајќи по налогот на Обвинителството, турската полиција почнала истовремени акции за приведување во 28 големи града на таа земја, а досега се уапсени 53 осомничени, меѓу кои е и командант на жандармеријата во подрачјето Фоча.
Врз основа на истрагата за инфилтрираните елементи на ФЕТО во Турските вооружени сили, Обвинителството во провинцијата Измир издала налог за приведување 66 осомничени лица за кои е утврдено дека користеле тајни и паралелни системи на комуникација во Турските вооружени сили. Меѓу осомничените има припадници на копнените, воздушните, поморските и на жандармериските сили, а 48 осомничени се подофицери во активна служба.
Во посебна акција во Анкара издадени се налози за апсење за 12 наставници, вклучително и осуммина на должност, кои се обвинети за врски со ФЕТО. Тие ја користеле ByLock, шифрирана апликација за пораки за паметни телефони на терористичката група за регрутирање луѓе. Најмалку деветмина од осомничените беа уапсени во акцијата, а продолжува потрагата по преостанатите 13 осомничени.
Организацијата ФЕТО се наведува дека е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година. Станува збор за организација што Турција ја смета за терористичка, која е предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во САД и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.