Регион
Вулин: Србија нема место во ЕУ, важно е пријателството со Русија

Во интервју за српски „Вечерње новости“, министерот за внатрешни работи и лидер на Социјалистичкото движење на Србија, Александар Вулин, на прашањето дали по отвореното барање од Брисел, Србија да воведе санкции кон Русија и да го признае Косово, Вулин порача дека Србија треба што поскоро да прифати дека не сака да влезе во Европската унија (ЕУ) и дека таму нема место.
Тој додаде дека односот кон ЕУ не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки.
„Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, прашањето е дали ЕУ ја сака Србија“ – рече Вулин.
„Судејќи според лудите уцени на кои не изложуваат да го признаеме Косово, да ја укинеме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, тие не не сакаат“, изјави Вулин.
Тој тврди дека ЕУ како сојуз е минато, бидејќи со губењето на политичката независност, земјите од ЕУ станаа територии, а не држави.
„Верувам дека пријателството со Русија е од најголемо значење и дека без него ризикуваме физичко исчезнување на Србија“ – рече Вулин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.