Регион
Вучиќ ги почна консултациите за формирање влада

Консултациите за формирање на Владата на Србија почнаа денеска. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најпрво се состана со претставниците на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“.
Претставниците на листата, предводени од Шаип Камбери, претпладнево пристигнаа во зградата на Претседателството. Во наредните денови Вучиќ ќе се сретне и со претставници на други партии и листи кои обезбедија мандати на изборите – претставници на СВМ, СПС, СПАС, Партијата на правда и помирување и СНС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Девојче дошло до првиот минувач на кој случајно наишло и побарало помош: по пронаоѓањето на поголем број деца во БиХ

По пронаоѓањето на поголем број деца на подрачјето на Брчко, за кои се смета дека се жртви на кривично дело трговија со луѓе, полициската управа на Хрватска излезе со соопштение. Во него тие нагласуваат дека е воспоставен контакт со колеги од полицијата на округот Брчко и дека според првичните информации шест деца имаат хрватски документи.
Како што наведуваат, прелиминарните проверки покажале дека, според доставените податоци за идентификација, пронајдените деца не се исчезнати на територијата на Република Хрватска. Иако документите што ги поседуваат децата се во согласност со хрватските закони, полицијата ќе преземе дополнителни проверки на автентичноста на документите и идентитетот и ќе ги преземе сите неопходни чекори за расветлување на ситуацијата.
Индекс пренесува од полициски извори дека во Брчко биле пронајдени претежно деца Роми, а помал број од нив имале хрватски пасоши.
Како што пренесуваат медиумите во регинот, овој случај станал познат кога дванаесетгодишно девојче, кое било затворено во куќата, излегло на улица во придружба на две деца. Со себе го имала и пасошот.
„Таа се приближила до првиот минувач на кој наишла и побарала помош. Луѓето го известиле Центарот за социјални работи и полицијата бидејќи девојчето не сакала да се врати назад, по што бил откриен хоророт“, вели извор на „Блиц“ од истрагата. Според него, минувачот ја известил локалната полиција без да размислува за се.
„Набрзо полицајците во придружба на вработен во Центарот за социјални работи упаднаа во куќата и ги затекнаа децата. Некои спиеја и во креветчиња, а некои деца седеа на мебелот“, вели соговорникот.
Во тек е идентификација на пронајдените деца, како и контакт со родителите на најмалите. Од истрагата има одредени индиции дека некои родители доброволно ги дале своите деца да се чуваат во куќа во Брчко, пишуваат медиумите.
Досега се уапсени три лица осомничени дека извршиле повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со луѓе. ФТВ објави дека меѓу уапсените се и судскиот полицаец и неговата мајка. Според написите, меѓу пронајдените деца имало и деца под една година. Изворот за Klix.ba вели дека децата ги чувала жена, најверојатно италијански државјанин.
Како што соопштија од окружната полиција Брчко, преземајќи активности од нивна надлежност, полициски службеници вчера под надзор на Окружното обвинителство Брчко и во соработка со Одделението за социјална заштита и Црвениот крст пронашле поголем број деца и ги однеле на безбедно место.
„Во рамки на досегашните активности, уапсени се три лица поради основано сомнение дека сториле кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и занемарување или злоупотреба на деца. Истрагата за наведениот настан е во тек“, соопштија оттаму.
„Имајќи ги предвид законските одредби при постапување по кривични предмети против сторители на кривични дела против деца и малолетници, како и универзалните права на детето, потсетуваме на обврската особено внимателно да се постапува, со цел да се избегнат натамошни штетни последици и да се заштитат интересите на детето“, велат од полицијата која ја води истрагата.
„Постапувајќи во рамките на своите овластувања, полицијата на округот Брчко БиХ, врз основа на оперативни сознанија и под надзор на Обвинителството на округот Брчко БиХ и во соработка со Пододделот за социјална заштита на округот Брчко БиХ и Црвениот крст на округот Брчко, пронајде 31 малолетно дете во приватен комплекс во Брчко и ги смести на безбедно место.
Во доцните вечерни часови истиот ден, полицијата на округот Брчко на БиХ, под надзор на Обвинителството на Округот Брчко на БиХ, лиши од слобода три лица – З.Ѓ. и А.Ѓ. од Брчко и В.П. од Бања Лука поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела трговија со луѓе од член 207а, трговија со деца од член 207б и кривично дело запуштање или злоупотреба на дете“ од член 216 од Кривичниот законик на округот Брчко на БиХ.
За прибирање материјални докази, по наредба на Обвинителството на Округот Брчко на БиХ, спроведена е истрага, а врз основа на усна наредба на Основниот суд на округот Брчко на БиХ, извршен е претрес во просториите на станбената зграда во која се наоѓале децата.
Обвинителството на округот Брчко на БиХ отвори предмет за КТА веднаш по добивањето на известувањето од полицијата на округот Брчко на БиХ и интензивно презема истражни дејствија за утврдување на постоење на основано сомнение за сторени кривични дела трговија со луѓе од член 207а или кривично дело трговија со деца70 216 од Кривичниот законик на округот Брчко на БиХ“, соопштуваат надлежните.
Регион
Додик се огласи по пресудата

Милорад Додик, по пресудата, со која беше прогласен за виновен, изјави дека нема причина за загриженост.
„Мора да бидеме весели. Една година сум осуден на нивните с****, на нивниот затвор. Тие велат дека сум виновен, а сега луѓето тука ќе објаснуваат зошто не сум виновен“, рече Додик пред Народното собрание во Бања Лука.
„Значи, нема причина за грижа, научив да се справувам со потешки работи, па ќе го надминеме и ова. Важно ми е да сте тука и да ме поддржувате“, рече Додик.
Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС.
Регион
Додик осуден на една година затвор

Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење службена или политичка функција.
Станува збор за првостепена пресуда, која засега не е правосилна, а таква ќе стане кога и одбраната и Обвинителството ќе поднесат жалби и конечната одлука ќе ја донесе второстепениот совет на судот на БиХ. Второстепената пресуда треба да биде изречена до крајот на оваа година.
Ако правосилната пресуда е иста како првостепената, тоа значи дека Додик нема да може да извршува никаква официјална или политичка функција во наредните шест години.
Кога станува збор за директорот на „Службен весник на Република Српска“, Милош Лукиќ, тој беше ослободен од сите обвиненија.
Во 2023 година Националното собрание на РС усвои закон според кој одлуките на високиот претставник во БиХ,нема да се објавуваат во „Службен весник на РС“, ниту ќе се спроведуваат во тој ентитет. Набргу потоа, високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го поништи законот, но Милорад Додик потпиша указ за прогласување на законот.
Во меѓувреме, високиот претставник го измени и Кривичниот законик на БиХ, со што неуспехот во спроведувањето на одлуките на високиот претставник стана кривично дело. Обвинителството поднесе обвинение против Додик и директорот на „Службен весник на Република Српска“, Милош Лукиќ.