Регион
Вучиќ гневен поради одлука на „Твитер“: Чекам да ме укинат како Трамп
На листата на српски медиуми кои „Твитер“ ги означи како провладини е додаден уште еден јавен медиумски сервис од Србија, Радио-телевизија Војводина (РТВ).
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го обвини „Твитер“ за цензура и праша зошто не е во ред споменатите медиуми да соработуваат со Владата.
Српското Министерство за култура, пак, посочи дека е изненадено од постапката на „Твитер“ и наведе дека одлуката е спротивна на принципите и целта на таа мрежа, пишува Н1.
На спорната листа на „Твитер“ се најдоа српските медиуми: „Курир“, „Прва“, „РТС Вести“, „Танјуг“, „Информер“, „Телеграф“, „Политика“, „Телевизија Хепи“, „Пинк.рс“ и „Б92 вести“.
РТВ е единаесеттиот медиум во Србија што „Твитер“ нема да им го препорачува на своите корисници, односно ќе ги предупредува за неговата блискот со Владата.
Председник: Приштина захтевима за признање одрешила руке Србији; Избеглице из Авганистана не траже да дођу у Србију https://t.co/oKkYiNWekV
— RTV (@RTVojvodine) August 19, 2021
Ваквите страници се означени како медиуми во кои српската влада ја контролира уредувачката политика преку финансирање, директен или индиректен политички притисок.
Српскиот претседател не гледа што е спорно за „Твитер“.
„Па со кого ќе соработуваат? Тајкуни, криминалци и крадци? Најнормално е тие да соработуваат со Владата. Ние како држава на повеќето од тие медиуми не им плаќаме. Платени се ‘Гласот на Америка’, ‘Би-би-си’, а не се ставени на листите за владини медиуми. Ова води кон друго прашање – кој е вистинскиот цензор? Едвај чекам да ме исклучат, да бидам уште еден Трамп во светот“, рече Вучиќ.
Сепак, ваквото исклучување на Вучиќ од „Твитер“ досега никој не го најавил, а на тековната одлука на мрежата засега најжестоко реагираше „Информер“ на својата насловна страница. Меѓутоа, пред само шест месеци, главниот и одговорен уредник на „Информер“ го кажа она што сега го наведува и „Твитер“.
„Мојот ‘Информер’ е провладин медиум, по мој избор, не дека некој така ми наредил или платил, туку по мој избор. Па, се разбира дека ќе ја поддржам политиката на оваа влада и оваа држава“, изјави Драган Ј. Вучичевиќ на 13 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.
Регион
(Видео) Објавени снимки од последните денови пред трагедијата поврзана со култ во Бугарија
Бугарската полиција и обвинителството денес презентираа детални информации за трагичниот случај со шест жртви во областа Петрохан – Околчица поврзани со култ.
Беше потврдена и образложена информацијата дека за мртвите мажи, пронајдени на 2 февруари кај хижата „Петрохан“, станува збор за самоубиство, а за телата пронајдени подоцна во кампер под врвот „Околчица“ – за убиство проследено со самоубиство, јави „Њуз.бг“.
На брифингот беа претставени снимки од шест камери, кои органите на прогонот ги споделија со медиумите. Станува збор за видеа од 31 јануари, 1 и 2 февруари 2026 година. Снимките се од надворешниот дел на панинарската куќа и приодот – од синџир во регионот, патот и крстосницата во близина, рампата, паркингот и задната порта на објектот.
Стана јасно дека дел од камерите снимале само при детектирано движење. На една од снимките се слушаат истрели во самата колиба, при што се гледа и пожарот во објектот. На 2 февруари веќе нема траги од луѓе и возила во периметарот на колибата.
На некои од снимките се гледа и секојдневието на ренџерите, како и пристигнувањето или заминувањето на џиповите што ги користеле. Кадрите прикажуваат и ритуал, во кој учесниците клекнуваат и се поклонуваат до земја, упатувајќи благодарности и молитви.
Регион
Вучиќ се сретна со Макрон: Разменивме мислења за улогата на Србија и Франција во новиот свет што се создава
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска, за време на посетата на Индија, се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.
„На другиот крај на светот, во Њу Делхи, со пријателот Емануел Макрон секогаш срдечно и во добро расположение, особено по исклучителната вечера што ни ја приредија љубезните домаќини“, напиша Вучиќ на Инстаграм и додаде:
„Иако немаше време за сериозни и тешки теми, искористивме неколку моменти да размениме мислења за самитот во Индија и за местото и улогата на Србија и Франција во новиот свет на чие создавање сме сведоци.“
View this post on Instagram
Во текот на денот, претседателот Вучиќ имал почесно место на вечерата во Њу Делхи што ја организирал индискиот премиер Нарендра Моди. На свечената вечера за светските лидери, Вучиќ седел покрај францускиот претседател Емануел Макрон.

