Регион
Вучиќ: Многу научив од Меркел, среќен сум што една голема сила покажа почит кон нас
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека научил многу од германската канцеларка Ангела Меркел и дека се гордее на нејзината посета на Србија бидејќи таа како голем лидер и Германија како голема сила покажале голема почит кон Србија.
Одговарајќи на новинарско прашање за коментар во врска со посетата на Меркел, Вучиќ рече дека има посебни емоции за тоа прашање, како и дека Меркел го иницирала Берлинскиот процес, што е поинаков и попрагматичен пристап во регионот.
„Научив многу од неа и за време на разговорот научив и разбрав поинаку и повеќе отколку што можев до вчера. И да бидам искрен, ми беше жал кога утрово замина бидејќи не знам кога повторно ќе ја угостиме. Се гордеам на она што таа го кажа вчера и на односот и меѓусебното почитување на големата Германија кон малата Србија“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател посочи дека Германија има 14 пати повеќе жители од Србија и дека БДП на таа земја изнесува 3,8 билиони евра, а Србија годинава ќе има БДП од речиси 52 милијарди евра.
„Таква сила да покаже почит кон една мала земја, со голем лидер како Ангела Меркел, јас сум среќен и се гордеам како и сите граѓани на Србија. Тоа е само голем поттик за Србија да продолжи да работи вредно, почитувано и вредно и да биде уште поуспешна“, заклучи Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

