Регион
Вучиќ на средба со Радев: „Бугарите ги сметаме за браќа“
Кога и некој да се обиде да подигне тензии помеѓу нас, од Белград ќе добие одговор дека Бугарите ги сметаме за браќа, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој денеска го пречека бугарскиот претседател, Румен Радев.
Вучиќ оцени дека односите меѓу Србија и Бугарија се многу добри.
„Ние негуваме искрени пријателски односи со Бугарија и бугарскиот народ“, изјави Вучиќ.
View this post on Instagram
Двајцата претседатели истакнаа дека разговарале за учебниците на бугарски јазик во деловите со бугарско малцинство во Србија, историските прашања, но и за економијата, вработувањето и носењето инвестиции.
„Најголем број барања од бугарското малцинство се за информации на мајчин јазик и развој на нови учебници, а Србија е подготвена да го обезбеди тоа, со техничка помош на Бугарија“, изјави Вучиќ.
Радев истакна дека Бугарија гради заеднички европски пат со Србија, коментирајќи дека претседателот Вучиќ исполнил сè што ветил кога станува збор за договореното и за правата на бугарското национално малцинство во Србија.
Двајцата свечено открија споменик на словенските просветители Свети Кирил И Методиј, во дворот на средното училиште во Димитровгард, што го носи нивното име.
View this post on Instagram
„За нас е важно да гледаме во иднината, да ја градиме иднината. Бугарскиот народ секогаш ќе има пријател во Србија, некој што ќе биде подготвен да разговара за проблемите на братски начин, затоа што ние ја имаме истата вера, а имавме многу проблеми во минатото за да си дозволиме да имаме проблеми во иднината. Ние сакаме да им помогнеме на Димитровград и Босилеград, но и на секој друг дел на Србија, како и на сите места каде живеат Бугари во Србија. Ќе дадеме се од себе да донесеме инвеститори во овие делови“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

