Регион
Вучиќ: Убеден сум дека нема да има војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод тензиите на Косово и Метохија и зголемување на таксите за српската стока, вели дека е убеден дека нема да дојде до војна. „Не сакам ни да го користам тој збор. Ми се чини дека луѓето во Приштина денес не ги разбираат размерите на катастрофата која може да ја предизвикаат и ги замолувам да се обидат да го сфатат тоа“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија се наоѓа во тешка ситуација во која не е можно да се предвидат потезите на другата страна.
„Сите потези кои досега ги презедоа беа ирационални. Во такви услови кога имате таков противник, не сакам да кажам непријател, кога не се согласуваме за ниту едно од клучните државно-правни прашања, тогаш тоа е проблем“, вели Вучиќ и додава дека се надева дека Србија ќе го сочува мирот.
„Се надевам дека ќе успееме да го сочуваме мирот. Србија ќе даде сè од себе, убеден сум дека ќе имаме мир, дека нема да има војна, но нема да дозволиме прогон на нашиот народ каде и да живее“, нагласи српскиот претседател.
Тој додава дека попладне ќе разговара по телефон со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и нагласи дека Србија треба да воспостави комуникација со НАТО затоа што Алијансата ја презела одговорноста да не се формира војска на Косово, освен под два кумулативни услови – со тоа да се согласат и НАТО и локалната заедница, односно Србите. А тоа, според Вучиќ, сигурно нема да се случи.
„Мислам дека пораката на Столтенберг беше добра и се надевам дека во Приштина ќе го разберат тоа“, рече Вучиќ и додаде дека многу е важно меѓународната заедница да сфати кој сака мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.