Регион
Вучиќ: Цел свет скока да ја брани Украина, а кога ќе ѝ украдат дел на Србија – тогаш ништо

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, присуствува на комеморативната академија по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето на 17 март 2004 година – Погромот на Косово и Метохија.
Во својот говор тој ја спомна и војната во Украина.
– Во Украина беше нарушен принципот на неповредливост на државните граници, но не и во Србија? Нападот на 19 земји без согласност на СБ на ОН не е кршење на правата? Цел свет скока да ја брани Украина, спомнуваат и трета светска војна, а кога ќе и украдат дел од територијата на Србија, тогаш ништо. И кога го кажуваме сето тоа, кога го бараме истото за Србија што го бараат другите, нè напаѓаат дека сме насилни, дека се вооружуваме и дека сме вечна закана – рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.