Регион
Вучиќ ја предложи Ана Брнабиќ за мандатар на новата Влада на Србија

Ана Брнабиќ ќе мандатар на новата Влада на Србија, соопшти денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
Како што рече, одлуката ја донел по консултација, дека е комплицирано и сложено.
– Сите тројца кандидати за вицепремиер ќе бидат исклучително важни членови на Владата – рече Вучиќ.
Како што рече, Брнабиќ нема да биде премиер четири години, туку до 2024 година.
– Имам безгранична доверба во Ана. Кога еден од пратениците рече дека Ана е демонизирана, во тој момент решив дека тоа треба да биде таа. Таа беше демонизирана. Таа е способна да прави тешки работи од кои луѓето бегаат, правејќи работи што сите други ги избегнуваат. Горд сум што имам таков соработник и затоа предлагам способна, вредна и пред се лојална личност на Србија за најважната функција во земјата – рече Вучиќ.
Како што рече, Милош Вучевиќ, вториот кандидат за премиер и градоначалник на Нови Сад, ќе заземе многу важна функција во Владата.
– Ќе има и потпретседател на Владата на Србија – рече Вучиќ.
Како што додаде, многу важна функција во Владата ќе има Ивица Дачиќ, кој покрај министерската функција и вицепремиер, ќе биде и координатор на Националната служба за безбедност.
– Синиша Мали во кого имам голема доверба ќе биде еден од потпретседателите – рече Вучиќ.
Како што рече, ќе има многу промени во Владата на Србија.
– Важно е да имаме добра Влада, со промени, да имаме добар состав на луѓе кои можат да внесат нова крв, да загризат и да се обидат да ја преживеат тешката зима и есен – рече Вучиќ, пренесе Блиц.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.