Регион
Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“
Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот „Аја Софија“ во Истанбул и неговото претворање во џамија, изјави портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас.
„Грција ги осудува овие чекори и ќе стори сé што е можно за Турција да ги сноси последиците. Секој што го крши меѓународното право треба да разбере дека постојат болни санкции за такво кршење“, рече Пецас.
Тој истакна за „Скај ТВ“ дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „направил историска грешка“ и додаде дека треба да се очекува развој на настаните во наредните денови.
Вчера, Ердоган потпиша указ за претворање на Аја Софија во џамија. Оваа уредба ја отповика одлуката на турските власти од 1934 година овој храм да се претвори во музеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Најмалку деца родени во Словенија од осамостојувањето
Во Словенија минатата година имало 16.735 раѓања, што е за 130 помалку од 2023 година, но и најмал број родени деца од независноста во 1991 година.
Ова е најниската стапка на наталитет во Словенија досега, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје. Проценетата бројка на живородени деца, вклучително и повеќекратна бременост, е околу 16.900.
Засега, податоците на Државниот институт за јавно здравје го потврдуваат продолжувањето на негативниот тренд на бројот на раѓања во Словенија.
Со исклучок на 2021 година, бројот на раѓања опаѓа од 2010 година. Институтот го наведува намалувањето на бројот на жени во репродуктивна возраст како главна последица од помалиот број раѓања. Истовремено, вкупниот наталитет останува релативно стабилен, иако е исто така во благ пад.
За споредба – во 1988 година во словенечките породилишта биле извршени 26.442 раѓања, според податоците на Државниот институт за јавно здравје. До 1999 година, бројката паднала на 17.310, за повторно да се зголеми на 22.002 до 2010 година. Бројот на раѓања, кој лани бил за 0,8 отсто помал во однос на претходната година, е намален во седум родилишта.
Од друга страна, бројот на раѓања најмногу се зголемил во Љубљана.
Имало 29 домашни породувања, што е за 25 помалку од 2023 година.
Регион
Специјалците го ликвидираа убиецот од кафеаната во Србија, пукал и кон нив при апсењето
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека припадници на Специјалната антитерористичка единица во Јагодина го убиле Саша Милосављевиќ (48), кој синоќа уби едно лице, а друго тешко рани.
Дачиќ објави и дека при обидот за апсење, Милосављевиќ пукал во специјалците.
Пукањето се случило вчера околу 18.00 часот во кафeaна, пришто едно лице е убиено, а друго е рането. Напаѓачот бил во бегство, но подоцна бил пронајден и совладан од полицијата.
Регион
(Видео) Пукање во Србија: еден убиен, има ранети, напаѓачот е во бегство
Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина вечерва имало пукање. Според првите информации, во кафана дошло до тепачка помеѓу неколку лица, по што дошло до пукање во кое неколку лица се повредени.
Засега не се знае кој учествувал во пресметката, а напаѓачот е во бегство, пишува Телеграф. Според изјавите на граѓаните, на местото на настанот има неколку возила на брза помош.
View this post on Instagram
Како што дознава Блиц во Итната помош во Јагодина, ранет е сопственикот на кафулето Д.М. (56), а во престрелката се ранети млад човек и девојка. Еден од гостите бил ранет во нозете, а другиот во стомакот. Ранетиот сопственик на кафулето од тежината на повредите починал во болница.
Идентитетот на напаѓачот и е познат на полицијата. Според локални извори, напаѓачот бил познат како проблематично лице.
Блиц јавува дека пукањето е кулминација на конфликтот што започна пред една недела. Како што пишуваат, минатата недела во истото кафуле настанала тепачка, а со тој конфликт е поврзано и денешното пукање.