Регион
Грција го исполни ветувањето: бесплатен одмор за сите туристи што лани го преживеаја пoжарот на Родос

Грција почна да дели ваучери за бесплатен седумдневен одмор на туристите принудени да ги напуштат хотелите на грчкиот остров Родос во летото 2023 година поради шумски пожар.
Речиси 25.000 туристи, главно од Велика Британија, чекаат да добијат ваучери за седумдневен престој во хотелите на Родос, објави „Гардијан“.
Грција усвои нов закон за ова, а министерот за туризам, Мирон Флурис, рече дека Грција е првата земја во светот што одлучила на овој начин да им дава компензација на туристите.
Во рамките на оваа програма лицата евакуирани од хотелите поради пожарот во јули ќе може да користат е-ваучери во вредност од 300 до 500 евра за покривање на трошоците за сместување за време на еднонеделен престој.
Иницијативата ќе се спроведува во две фази: од сега до 31 мај и од 1 октомври до 15 ноември. Туристичките власти на Родос соопштија дека досега се регистрирани повеќе од 5.000 туристи во регистарот на корисници на програмата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.