Регион
Грчкиот парламент го ратификува договорот за поширока воена соработка со САД

Грчкиот парламент денеска го ратификува договорот со САД за проширување на воената соработка, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Договорот бил ратификуван со 175 гласа „за“, 33 „против“ и со 80 воздржани.
Пратениците од Нова демократија, владејачката партија од десниот центар, го поддржале договорот за заемна соработка во одбраната потпишан во октомври од страна на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, за време на посетата на Атина.
Членовите на „Движењето за промени“ исто така гласале „за“.
Договорот предвидува зголемени заеднички активности на САД и Грција и на НАТО во грчките воени бази и објекти во Лариса, Стефановикио и Александрополис, во централна и северна Грција, како и инфраструктурни и други подобрувања во американската поморска база на Крит, пренесе агенцијата АП.
Американските воздухопловни сили веќе користат беспилотни летала MK-9 Reaper од воздухопловната база во Лариса.
Пратениците на опозициската левичарска партија СИРИЗА биле воздржани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ на воената парада во Кина: „Благодарен за искреното пријателство кон нашата Србија“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес објави дека Кина отсекогаш била покрај Србија, особено во тешките моменти.
„Благодарен на претседателот Шји и кинескиот народ за нивното искрено пријателство кон нашата Србија. Кина отсекогаш била покрај Србија, особено во тешките моменти. Србија и српскиот народ никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Регион
Поскок касна девојче на Јадран: седела со родителите на плажа кога се слушнал вресок

Кон крајот на август едно украинско семејство доживеало сериозен инцидент за време на нивниот одмор во Хрватска. Додека се релаксирале на плажата со камчиња во заливот Дубовица на Хвар, нивната петгодишна ќерка била касната од отровна змија.
„За време на ручекот девојчето си играше со своите пријатели во близина на кафулето на неколку метри од нас. Одеднаш дотрча и рече дека ја каснала змија, не можевме да веруваме“, вели Марта (31), која сè уште лежи со своето дете во КБЦ – Сплит на лекување, за 24sata.hr.
Мајката исто така истакнува дека на детето веднаш му се слошило, почнало да повраќа и да ја губи свеста, а ногата, каде што било каснато, целосно помодрела.
„Сопственикот на кафулето веднаш повика брза помош. За да забрза, нè однесе до патот со својот автомобил. На пат кон градот се префрливме во брзата помош, која нè однесе до хеликоптерот, а потоа до болницата во Сплит. За време на возењето детето постојано ја губеше свеста и повраќаше, беше ужасно да се гледа“, рече мајката.
Таа додаде дека за помалку од еден час биле во Сплит.
„Ногата постепено помодрувуше на местото на каснувањето. Болницата потврди дека станува збор за змија. Кога пристигнавме во болницата, на детето му беше даден противотров и нè предупредија за можни компликации со ногата. По противотровот, детето се чувствуваше подобро, но ногата беше отечена. Ќерката беше на интензивна нега“, вели мајката.
Лекарите се потрудиле да ѝ ја спасат ногата на малата Украинка, а мајката истакнува дека сè било многу исцрпувачки.
„Ни кажаа дека постои сериозен ризик да ја изгуби ногата. Следното утро лекарите ме повикаа и ми рекоа дека е потребна итна операција“, додава мајката, која признава дека ѝ било тешко да ги потпише документите за да го однесе своето дете на таква операција.
По операцијата, која била успешна, детето било префрлено на хируршкото одделение. Таа сè уште е во болница, а вчера била подложена на уште една операција за затворање на раните.
„Тешко ми е дури и да ја погледнам. Нозете ѝ се полни со конци, сè уште прима инфузии и антибиотици. Но, лекарите направија чудо. Ѝ го спасија животот, но и ногата. Бескрајно сум им благодарна“, вели мајката.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Невреме во Умаг: поплавени улици, речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа

Силна бура и обилни врнежи од дожд го погодија подрачјето на Умаг во Истра утрово.
До 7:30 часот наутро веќе наврнаа 84 мм дожд, а словенечката станица во Порторож исто така измери над 50 мм. Исто така, се регистрира екстремно силна активност на грмотевици, со речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа, а атмосферата не покажува знаци на смирување, објавува ИстраМет.
Порталот Неверин објавува дека наврнале 100 мм дожд за помалку од еден час.
За денес и утре во Хрватска е најавено нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици, а издадени се предупредувања за потенцијално опасно време за некои региони.
фото: принтскрин