Регион
Двојникот на Вучиќ од Хрватска: Решив нашата сличност да ја свртам на шега

„Помладата верзија на Александар Вучиќ“, е само еден од коментарите на фотографијата на 29-годишниот Борна од Криж во Хрватска, кој стана ѕвезда на социјалните мрежи во регионот поради неверојатната сличност со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Неговиот профил на мрежата за запознавање „Тиндер“ и повеќе од духовитиот опис „ако не ви пречи што личам на Александар Вучиќ, јавете ми се“, стана хит во регионот бидејќи е неверојатно колку тој личи на Вучиќ.
Борна за „Телеграф“ посочи како се справува со овие споредби во Хрватска, но и како реагира на фактот дека за една вечер добил дури 15.000 следбеници на „Инстаграм“.
„На тоа гледам на овој начин, или ќе се пошегувам и ќе го свртам сето тоа на шега или ќе бидам лут на сите, но тоа за мене нема смисла. Значи, сè додека луѓето се нормални во врска со тоа, ниту јас немам проблем со тоа“, рече тој.
Тој вели дека споредбите со српскиот претседател почнале кога се здебелил.
„Со него ме споредуваат откако се здебелив 10 килограми пред 5 години.
А на прашањето како се справува со ненадејната слава, тој за „Телеграф“ изјави:
„Па, морам да признам дека е навистина забавно, но и стресно“.
А за тоа како напредува неговиот профил за запознавање преку интернет, Борна речe:
„Имав лудница последните два дена, па затоа го запоставив“, заклучи Борна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ бесен на Европските зелени: Олош сте, ќе одговарате пред законот на Србија!

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати жестоки критики кон Европската зелена партија, обвинувајќи ја дека стои зад насилствата на протестите во Нови Сад.
„Одете, уништете ги вашите земји. Не ја уништувајте Србија. Вие сте олош. И не сте ни олош, полоши сте од тоа. Тоа е сè што имам да ви кажам. Дали се плашиме? Ни најмалку. Ја почитувам Урсула фон дер Лајен. Го почитувам Антонио Кошта. На ова ѓубре, олош, од Европската зелена партија, најлошиот олош во Европа што дојде во Нови Сад вчера за да го поддржи ова насилство, ќе бидат гонети во согласност со законите на Република Србија“, изјави Вучиќ.
Тој се осврна и на бројките од протестите, нагласувајќи дека низ цела Србија излегле помалку од 10.000 луѓе, додека најмногу имало во Нови Сад.
„9.380 луѓе биле низ цела Србија на митинзи против владата, од кои 7.020 биле во Нови Сад, според бројките на Министерството за внатрешни работи. И насекаде беше мирно, без инциденти, освен во Нови Сад. Полицијата им дозволи да ги тепаат со пиротехнички средства, стапови и камења цели 12 минути. Дури тогаш полицијата реагираше“, рече Вучиќ.
Претседателот предупреди дека ситуацијата во Нови Сад ескалирала и поради присуството на европратеници, кои, според него, сакале да ја нарушат стабилноста на Србија.
„Некои се обидоа со фантомки и шлемови да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет, но не успеаја“, нагласи Вучиќ.
Тој додаде дека српската полиција постапила строго професионално, но дека во инцидентите биле повредени 11 припадници на МВР.
Регион
(Видео) Српските полицајците сакаа да ги растераат граѓаните, но самите паднаа на колена

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува необична ситуација во која полициски службеници сами се најдоа погодени од солзавецот што го фрлиле кон граѓаните.
И покрај тоа што беа во целосна опрема, со маски и шлемови, не успеале да се заштитат од чадот кој ветерот го вратил кон нив.
Во еден момент, неколкумина полицајци ги симнале маските и клекнале на земја, очигледно со потешкотии да продолжат да издржат во облакот од солзавец.
Според коментарите на очевидци и граѓани кои ја следеле ситуацијата, станува збор за иронична сцена во која природата им го „вратила ударот“ на службениците, поради што и видеото брзо се прошири на интернет и предизвика бурни реакции.
Plaćenici gubarski se od sopstvenog suzavca guše, čak su neki skinuli opremu i otišli. ‼️‼️‼️‼️ pic.twitter.com/LmEqDPWbXD
— o0o0o0o (@KoronVirus) September 5, 2025
Регион
Три земјотреси во Србија за час и половина – „Се затресе добро“

За само час и половина, Србија беше погодена од 3 земјотреси, од кои најсилниот беше 4,4 степени според Рихтеровата скала.
Денес, во 14:43 часот, земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во областа Голија, околу 20 километри источно од Сјеница. Според прелиминарните податоци, теоретскиот интензитет на епицентарот беше проценет на шестиот степен според Меркалиевата скала. Околу дваесет минути подоцна, следеше уште еден, послаб земјотрес со магнитуда од 2 степени, а помалку од час и половина по првиот, на истото место беше регистриран и трет земјотрес со магнитуда од 1,9 степени, пренесуваат медиумите во соседството.
Земјотресот беше почувствуван во Нови Пазар, Трстеник, Чачак, Краљево, Ужице, Крагуевац, Јагодина, Алексинац, Аранѓеловац, Ниш, Панчево, па дури и во Белград и во Скопско, според написите.
Првиот земјотрес е регистриран во планинскиот регион Голија, на половина пат помеѓу Рашка и Сјеница, поточно околу селото Црчево.
Републичкиот сеизмолошки завод објави дека во 14:43 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 3 километри во регионот Сјеница.
„Добро се затресе“, „Ормарите се тресеа“, „Се почувствува мало нишање на креветот“, пишуваат граѓани кои го почувствувале земјотресот.
Тие исто така известуваат дека земјотресот е почувствуван во Трстеник, Чачак, Краљево, Ужице, Крагуевац, Љиг, Јагодина, Алексинац, Аранѓеловац, Ниш, Панчево, па дури и во Белград и Скопје.
Граѓаните на Пријепоље и Нова Варош, исто така, го почувствуваа потресот, но засега нема информации за материјална штета или повредени. Експертите истакнуваат дека земјотресите со овој интензитет најчесто можат да предизвикаат помали штети на зградите во епицентралното подрачје, но тие не се невообичаени за овој регион.
„Се тресеше добро, навистина бевме исплашени бидејќи сè се тресеше за секунда“, изјави жител на Сјеница за агенцијата РИНА, опишувајќи го моментот на земјотресот.
Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата и апелираат до граѓаните да останат смирени. Во случај на посилни последователни потреси, се препорачува сите да се придржуваат до основните упатства за однесување за време на земјотрес – да бараат засолниште под цврст мебел, да се држат подалеку од стаклени површини и да избегнуваат користење лифтови.