Регион
Девојка од Црна Гора го искина и плукна знамето на Србија: полицијата трага по неа

Црногорската полиција трага по малолетничката Е. С. од Бар, осомничена за сторено кривично дело повреда на угледот на странска држава.
Ова за „Вјести“ го соопшти шефот на Основното државно обвинителство во Бар, обвинителот Радован Ѓуришиќ, одговарајќи на прашања за малолетничка, која на социјалната мрежа „Тик-ток“ објави видео на кое се гледа како првин го кине, а потоа го плука по знамето на Србија.
„Полициската управа, Регионален центар ‘Југ’, Одделот за безбедност во Бар, го извести Основното државно обвинителство Бар за видеото на кое се однесува вашето прашање, а на кое се гледа како малолетничка го кине и уништува државното знаме на Република Србија. Малолетничката е идентификувана и распишана е потрага, а обвинителот предметното дејсте го квалификува како кривично дело оштетување на угледот на странска држава или меѓународна организација од чл. 200 став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора“, објасни Ѓуришиќ.
Тој истакна дека осомничената малолетничка сè уште не дала изјава бидејќи е во бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.