Регион
Некои од осомничените за копање на мафијашкиот тунел во Подгорица избегале преку граница
Некои од осомничените за копање на тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица избегале на 11 септември во автобус што сообраќал на релација Подгорица – Сараево преку граничниот премин Шчепан Поље, пишува подгорички „Вјести“. Порталот наведува дека други ја поминале границата кај Добраково.
Дека побегнале преку граница, утврдиле Обвинителството и полицијата при истрагата за кражбата на докази од депото на Вишиот суд во Подгорица, откриена на 11 септември во утринските часови.
🔴Vlada Crne Gore objavila je fotografije tunela koji vodi do Višeg suda.
🔴Tunel koji vodi do depoa Višeg suda vodi iz stana koji se nalazi u zgradi preko puta u pješačkom dijelu Njegoševe ulice.#podgorica #visisud #crnagora #rtcg #hronikacg pic.twitter.com/wfBevQasZv
— RTCG (@RTCGme) September 13, 2023
На 18 септември, црногорскиот министер за внатрешни работи, Филип Аџиќ, одржа прес-конференција на која зборуваше за деталите при апсењето и за локацијата на оние што учествуваа во копањето на тунелот до Вишиот суд во Подгорица.
Аџиќ рече дека во операцијата копање тунел учествувале српските државјани Милан Марковиќ (1970), Вељко Марковиќ (1991), Дејан Јовановиќ (1993), Владимир Ервиќ (1991). За време на конференцијата министерот спомна дека тоа е дело на мафијата.
„Тоа е еден од најголемите удари врз институциите на системот и чудно е што сме изненадени што такви работи постојат во Црна Гора кога знаеме дека на чело на судството имало луѓе што организирале криминални групи и дека во рамките на Полициската управа имаме неколку службеници што учествувале во криминални активности“, рече Аџиќ, пренесува РТЦГ.
„Вјести“ пишува дека сè уште не е јасно кој од четворицата осомничени на кој граничен премин преминал. Црногорскиот министер рече дека во овој чин учествувале уште најмалку пет лица.
„Не го копаа сите тунелот. Некои беа логистика, а други даваа друг вид помош“, рече Аџиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

