Регион
Додик: Медиумите од БиХ ја измислија „Иконата“ и направија лажна приказна

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, е пуштен на домашно лекување по одлуката на советот на лекарите на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска и борбата со коронавирусот. На прес-конференцијата, по зборувањето за својата состојба и како ги поминал деновите во болница, Додик одговори на прашањата на новинарите.
Меѓу другото, тој одговараше на прашања на новинарите во врска со аферата „Икона“. Додик рече дека сè е измислено во Федерацијата БиХ.
„Украина никогаш не го постави прашањето за исчезнувањето на таа икона. Тоа е семејна икона. Ни денес украинските власти не ја побараа таа икона. Тие измислија приказна. Амбасадорот на Украина зборуваше врз основа на извештаи во медиумите засновани на лаги. Иконата е таму, господин Лавров сметаше дека треба да ја врати. Таа е тука и јас сега немав можност, се надевам дека знаете зошто, ќе ги повикам луѓето што ми ја дадоа таа икона и јавно ќе им ја вратам, па тие нека ги објаснат другите работи“, рече Додик.
Додик рече дека нема ништо инкриминирано во тоа, освен болна амбиција да се држи до таа тема, со цел да се покријат срамните потези на Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.