Регион
Додик: Победата на Трамп симболизира враќање на вредностите што ги негуваме
Милорад Додик му упати честитка на Доналд Трамп:
„Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа со надеж дека неговиот мандат ќе донесе освежен поглед на САД за односите со Босна и Херцеговина. Ова е можност за Америка да покаже дека ја почитува различноста“, рече тој.
Доналду Трампу @realDonaldTrump упућујем срдачне честитке на побједи и надам се да ће његов нови мандат донијети освјежену визију односа Сједињених Држава према свијету и БиХ. Ово је прилика да Америка покаже да поштује различитости и да своју снагу усмјери ка сарадњи и… pic.twitter.com/f5eNfwVVUr
— Милорад Додик (@MiloradDodik) November 6, 2024
„За Република Српска и мене, победата на Трамп го симболизира враќањето на вредностите кои ги негуваме – семејството, слободата на избор и правото да ги зачуваме нашите традиции. Во променливиот свет каде што поединците и државите често ги забораваат своите корени, гледам во лидерство можност за поинаков и поправеден пристап“, рече Додик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп: Република Српска слави
Република Српска ја слави историската победа и враќањето во Белата куќа на Доналд Трамп, кој прогласи изборна победа на претседателските избори во САД.
Во оваа прилика голем број граѓани се собраа пред Палатата на Републиката во Бања Лука и претседателот на Република Српска Милорад Додик приреди коктел.
По повод победата на Трамп, Додик изјави дека денеска е многу важен ден за земјата и дека тоа придонело американското знаме повторно да биде во палатата.
Регион
Вучиќ му честита на Трамп: Заедно ќе се соочиме со сериозни предизвици
Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД во 2024 година, означувајќи неверојатен политички камбек четири години по напуштањето на Белата куќа.
„Америка ни даде невидено силен и моќен мандат“, изјави тој пред толпата поддржувачи во конгресниот центар во округот Палм Бич рано утринава. Харис не им се обрати на своите поддржувачи кои се собраа во Универзитетот Хауард.
Честитам @realDonaldTrump на победи. Заједно се суочавамо са озбиљним изазовима који су пред нама. Србија је посвећена сарадњи са САД на стабилности, просперитету и миру. 🇷🇸🤝🇺🇸 pic.twitter.com/rmJ9f3yeyN
— Александар Вучић (@predsednikrs) November 6, 2024
Виктор Орбан, Бенјамин Нетанјаху и Александар Вучиќ беа меѓу првите кои му честитаа на Трамп.
„Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа. Заедно се соочуваме со сериозните предизвици што ни претстојат. Србија е посветена на соработката со САД за стабилност, просперитет и мир“, напиша српскиот претседател Вучиќ на Икс.
Регион
Мајката на девојката што загина со своето момче во Нови Сад: Таа беше нашиот свет
Анѓела Руман (20) и Милош Милосављевиќ (21) загинаа кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот петок.
Нејзината мајка Зорица Руман даде изјава за Нова.рс.
„Тешко ни е, сепак со неверување прифаќаме дека изгубивме два ангела – нашата Анѓела и нејзиното момче. Не можеме да веруваме, сè уште не сме свесни за тоа. Таа беше нашиот свет, нашата ѕвезда водилка… Секој момент чекаме да излезе од собата. Сè уште мислам дека е со Милош и дека наскоро ќе се врати, дека ќе му се јави на тато: „Тато, не најдовме превоз, можеш ли да дојдеш да не земеш?“, изјави таа за Нова.рс.
Се присети на последниот разговор со Анѓела.
„Мамо, ќе ме испратиш ли до станицата? Се плашеше да оди сама со воз, беше толку срамежлива. Јас тогаш и реков: „Ајде, среќно, порасни, имаш 20 години, ќе се качиш на возот, Милош ќе те чека таму и ќе продолжите. И отиде, им се јави на татко и и сестра ѝ. Разговаравме околу 11 и 20, 11 и пол, се договоривме да одиме кај нив во недела, да ја запознаеме мајката на Милош“.
„И додека разговаравме се прекина врската, дали се случи во тој момент или не, навистина не знам. Разговаравме, таа ми рече: „Пристигнав, се е во ред, Милош рече дека доаѓа, но уште го нема. Се прекина врската, мислев дека можеби дошол Милош и дека излегле од станицата“, вели мајката на загинатата девојка.
Посочува дека се уште се надева дека ќе се појави Анѓела.
„Очекуваме да се појави и да и каже на сестра си: „Јас ја средив собата вчера, а ти пак направи хаос“, да каже: „Мајко, не грижи се, ќе ти помогнам“, вели мајката.
Таа вели дека Анѓела била нејзината ѕвезда водилка, која и дала сила и волја за живот.
„Имав тешка операција пред 10 години и никој не ми даде шанса да преживеам. Таа тогаш имаше седум години, таа беше мојата ѕвезда, таа беше таа што ми даде волја да живеам со нејзината енергија. Прекрасно, божествено дете. Се подготвуваа за свадба, а на крајот заедно отидоа во смрт“, изјави таа за Нова.рс.