Регион
Додик: Република Српска е на пат да излезе од БиХ
Босна и Херцеговина нема да ја има идната година ако не се врати на дејтонските позиции, порача српскиот член Претседателсатвото на БиХ, Милорад Додик, посочувајќи дека Република Српска тргнала на пат кон излез од БиХ од кој нема враќање, пренесува „Спутник“.
„Ние ќе го направиме тоа и нема да нè запрат ни САД ни кој било друг зашто сметаме дека Дејтонскиот договор е нарушен, пред сè со интервенција од меѓународниот фактор“, рече Додик.
Додик наведе дека времето ќе покаже колку е сериозна РС во таа намера наведувајќи дека има избор меѓу две опции, од кои едната е да си дозволи себеси тивко да исчезне и да биде уништена преку „смртоносниот“ пакет што го подготвиле меѓународната заедница и бошњачката страна во Сараевуо.
„Во првата фаза тоа се реализираше преку високиот претставник и наметнувањето решенија, а сега го прават тоа преку Уставниот суд, сакајќи да го заштитат тоа со приказна за владеење на правото. Да стануваше збор за владеење на правото, немаше тука да одлучуваат тројца странци и амбасадите“, истакна Додик.
Тој повтори дека РС не може да верува во БиХ.
„БиХ е лошо место и место на неслобода за Србите и РС. Ако нема договор странците да си заминат од Уставниот суд и ако тој не биде ставен во функција како во сите други земји, тогаш нема ни БиХ, нека го запаметат тоа“, нагласи Додик.
Тој посочи дека различните ставови за НАТО-интеграциите на БиХ е една од причините поради кои ваква земја не може да опстои.
„Ние не сакаме во НАТО поради своите искуства од минатото, додека некои други имаат свои искуства и сакаат во НАТО. Не треба никој да трпи поради нас, ниту ние поради некој друг. Додека сум јас тука, нема да се случи ниедна одлука во БиХ што ќе придонесе за интеграција на земјата во НАТО“, повтори Додик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

