Регион
Европскиот суд нареди Босна да отстрани српска православна црква од имотот на една муслиманка
Европскиот суд за човекови права во понеделникот донесе пресуда дека Босна и Херцеговина мора да ги преземе сите неопходни мерки за отстранување на српската православна црква што била изградена во дворот на една муслиманка протерана од своето село за време на војната во земјата во периодот 1992-1995 година, пренесува „Дејли мејл“.
Судот пресуди дека црковната конструкција од 1998 година е нелегална и претставува повреда на правото на сопственост пропишувајќи рок од три месеци за извршување на пресудата и отстранување на црквата.
Судијата на Европскиот суд, Фарис Вехабовиќ, рече дека неизвршувањето на решението на судот ќе претставува кривично дело, но додаде дека од босанските власти зависи дали ќе се изврши или не.
Во 2000 година Фата Орловиќ и 13 други члена на нејзиното семејството поведоа правна битка да ја отстранат црквата кога Орловиќ се врати во својот дом во Коњевиќ Поље, Источна Босна, 20-ина км источно од Сребреница.
Во својата пресуда во понеделникот судот пресуди во корист на членовите на семејството Орловиќ наредувајќи им на босанските власти да ја отстранат црквата и да им исплатат отштета на 14 члена на семејството Орловиќ во износ од 31.000 евра.
„Не сум против црквата, но оние што ја сакаат требало да ја изградат на свој имот“, вели 77-годишната Орловиќ.
Орловиќ додаде дека случајот треба да испрати порака до луѓето да продолжат да се борат за она што е нивно и да се ослободат од она што не е.
„Ова е типичен случај што се однесува на правото на поврат на имот. Единствената разлика е во тоа што таа стана симбол на постојаната борба за правда на една жена и нејзиното семејство“, рече Фарис Вехабовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна.
Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на респиратор.
Заменик-директорот за пулмологија Спасоје Попевиќ денес изјави дека неговата здравствена состојба останува сериозна, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда навечер.
„Тој е сè уште во сериозна здравствена состојба. Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација и во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба“, рече Попевиќ.
Тој додаде дека е прерано да се даваат какви било прогнози.
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е нешто подобра. Вучиќ ја даде изјавата од авионот, пренесува РТС.
Регион
(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.
„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.

