Регион
Еден мигрант убиен во тепачка кај Бихаќ
Еден мигрант е убиен, а друг е тешко повреден во тепачка што се случила синоќа во центарот за мигранти кај Бихаќ, Босна и Херцеговина.
Портпаролката на Обвинителството, Ирена Марјановиќ-Чавкиќ, рекла дека се претпоставува оти мигрантот е убиен со ладно оружје во тепачка што избувнала во еден од шаторите поставени во кампот „Вучјак“.
Другиот мигрант, кој е повреден и хоспитализиран, ќе биде сослушан кога лекарите ќе ги санираат неговите повреди.
Обвинителството посочува дека повредениот мигрант би можел да биде извршител на убиството. Идентитетот и државјанството на убиениот и на повредениот мигрант не се откриени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.