Регион
Екипаж на крузер во Грција заразен со коронавирус, 922 патници не смеат да го напуштат бродот
На крузерот „Мајн Шиф 6“ беше спроведено случајно тестирање на 150 од 666 члена на екипажот. Целиот заразен персонал е асимптоматски, пишува „Гардијан“.
„Во понеделникот ги добивме резултатите од тестирањето на персоналот и беше утврдено дека 12 члена на екипажот се позитивни на коронавирусот“, соопшти туристичката компанија „Туи“.
„Како дел од мерките на претпазливост и во согласност со строгите мерки за продолжување на крстосувањето договорено со властите во Грција, позитивните лица веднаш беа ставени во изолација на бродот“, додаваат од компанијата.
Крузерот со знаме на Малта патувал преку Пиреја до Крф. Капетанот престанал да плови веднаш штом дознал за резултатите од позитивните тестови и се закотвил пред островот Милос, се додека грчките власти не му наредиле да се упати кон главниот пристаништен град.
Грчките медиуми јавуваат дека сите 922 патници ќе бидат затворени во своите кабини за време на патувањето.
Сепак, ова тврдење беше демантирано од компанијата „Туи“, која управува со овој луксузен брод заедно со американската компанија „Ројал карибијан“.
„Патниците може да се движат нормално со брод, а крстосувањето продолжува според планираното“, кажаа од „Туи“.
Експертите за јавно здравје ќе го посетат крузерот кога ќе пристигне во Пиреја, а властите навестија дека никој нема да смее да се симне од бродот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

