Регион
Ердоган: Саудиска Арабија доби аудио-снимки за убиството на Кашoги, Ријад да го идентификува убиецот
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека официјалните претставници од Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и Велика Британија ги слушаат аудио-снимките за убиството на новинарот Џамал Кашоги, кој Турција им ги испратила.
„Им ги предадовме снимките. Испратени се до Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и Британија, тие ги слушнаа сите разговори, знаат”, рече Ердоган.
Тој побара од Ријад да го идентификува убиецот во 15-члениот тим кој пристигна во Турција неколку дена пред убиството на Кашоги, објави Ројтерс.
„Саудиската влада може да го открие тоа со тоа што ќе ги натера петнаесете обвинети да зборуваат”, рече тој.
Турскиот дневен весник „Даили Сабах” претходно објави дека убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги неговото тело го растоплиле во киселина, а потоа го фрлиле во канализација.
Свршеницата на убиениот новинар, Хатиџе Ченгиз, по ваквите добиени информации реагираше со прашањето „дали се негови убијци воопшто се луѓе”.
„Не можам да ја изразам мојата тага поради уништуваањето на твоето тело, Џамал! Дали тие убијци и сите што стојат зад ова се воопшто човечки суштества”, праша Хатиџе Ченгиз на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

