Регион
ЕУ не ги исполнува обврските од договорот со Турција
И покрај огромниот придонес од Турција за безбедноста на Европа, како помошта да се справи со бегалската криза, помошта која за возврат беше очекувана од страна на европските земји не беше реализирана, вели претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Ние многу придонесовме за безбедноста на целиот европски континент, а особено на Балканот. Но и покрај тоа, ние не добивме поддршка и хуман однос од страна на нашите пријатели во Европа во тешките мигови“, изјави Ердоган.
Претседателот на Република Турција присуствуваше на Самитот за соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа во Сараево, каде се сретна со другите лидери и дискутираше за безбедност и соработка меѓу земјите од Балканот.
Тој изјави дека регионот се соочува со нов бран на нелегална миграција од Сирија, Ирак, Авганистан и Северна Африка.
„Додека Европа не може да постигне договор во врска со квотата на мигранти, Турција прими преку 4 милиони бегалци, од кои 3,6 милиони се од Сирија“, посочи Ердоган.
Тој додаде дека Турција до сега потрошила преку 37 милијади долари само за бегалците од Сирија.
Ердоган нагласи дека Турција презела мерки за да го спречи нелегалниот проток на мигранти преку Егејското Море, а со тоа земјата спречила и голем број потенцијални хуманитарни трагедии.
„Бројот на нелегални мигранти кои се задржани во нашата земја помеѓу 2005-2017 година брои над 1 милион“, додава тој.
Турција претставува главна рута за нелегалното мигрирање на бегалците кои сакаат да преминат во Европа, особено од 2011 година, со почетокот на граѓанската војна во Сирија.
Ердоган ја обвини ЕУ дека не успеала да си ги исполни своите обврски согласно договорот од 2016 година, чија цел беше да се намали и сопре протокот на мигранти преку нелегален пат, односно преку Егејското Море.
Договорот вклучуваше и финансиска помош од ЕУ во висина од 6 милијарди евра, но до сега Турција прими само еден мал дел од овие средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

