Регион
ЕУ: Што побргу нова влада во Приштина и продолжување на дијалогот со Белград
Европската Унија повика на што побргу формирање на владата во Приштина и продолжување на дијалогот со Белград.
„Потребно ќе биде уште некое време за конечните резултати, но владата ќе мора да се формира по завршувањето на процедурите. Пред Косово има важни задачи. Новата влада ќе мора да се ангажира кон напредокот на реформите, економскиот и социјалниот развој, владеењето на правото и продолжувањето на дијалогот со Белград, што го посредува ЕУ“, наведе портпаролката, Маја Коцијанчич.
Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да работи со Косово и да промовира помирување, регионална соработка и добрососедски односи во Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Веднаш да му подигнеме споменик на Трамп ако ја сопре војната во Украина
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Светскиот економски форум во Давос го даде своето мислење за решавање на украинскиот конфликт што го најави новиот американски претседател Доналд Трамп.
„Чекаме да видиме што ќе направи Трамп, утре да зборуваме тука од Давос. Шолц и Макрон се состануваат денеска, ги подготвуваат своите одговори, има многу проблеми и многу непознати во равенката. Доколку Трамп постигне прекин на огнот во Украина, сите треба му подигнеме споменик, ќе ја спаси цела планета. Господ нека ни е на помош“, рече српскиот претседател од Давос.
Вучиќ во Давос изјави и дека Србија е на европскиот пат, но дека треба во голема мера да се сврти и кон Азија, бидејќи од таму најмногу ќе се инвестира во наредниот период.
„Ние сме на европскиот пат и важно е нашата земја да ги забрза реформите, владеењето на правото и други работи, но сите бараат излез од економската ситуација што е можно повеќе во Азија и Африка, особено во Азија, па и ние мора да се свртиме на таа страна“, нагласи Вучиќ.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата, кои се затворени. Поради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети што може да паднат.
Регион
Транспаренти со крвава тупаница со среден прст во Белград
На неколку места во Белград се појавија транспаренти со натпис „Одговорот на српскиот народ на обидот за обоена револуција“ заедно со илустрација на црвена рака, на која се гледа средниот прст.
Црвениот (крвав) отпечаток од раката е еден од симболите на протестите организирани во Србија по уривањето на натстрешникот во Нови Сад.
Но, во последните 24 часа се појави втора црвена рака – онаа со свиткани прсти.
Од Српската напредна партија на Вучиќ сè уште не одговорија дали стојат зад оваа акција.