Регион
„Еј ти зад дрвото, ми рече па почна да пука“ – болна исповед на младо момче кое го преживеа масакрот кај Младеновац
Поминаа 40 дена од трагедиите што ја потресоа Србија, а сведоците на трагичните настани се обидуваат да закрепнат и да продолжат со својот живот што е можно повеќе. Еден од младите луѓе кои беа цел на Урош Блажиќ, Јован Ранковиќ (21) од Мали Орашје, се присети на кобниот ден кој за чудо го преживеа.
„Се договорив со другарите Н.С. и Л.М.(младите момчиња кои беа убиени) да одиме во училишниот двор и цело попладне бевме заедно. Седевме, пиевме пиво и се шегувавме, а потоа решивме да одиме во „Равни Гај“ за да не им пречиме на жителите во близина на училиштето бидејќи бевме бучни. Непосредно пред да дојде убиецот, се допишував со еден пријател, кому му се јавив да се дружи со нас и му напишав дека 16 седиме на споменикот. Видов паркиран „мерцедес“, па помислив дека доаѓа другарка, која ја вози истата кола, а потоа овој млад човек грубо довикна: „Легнете!“, а другарот го вика на пиво, додека јас исто на шега додадов дека е пивото ладно“ – вели Јован за „Курир“.
Тогаш почнал ужасот.
Урош отворил оган. Тој пукал во младите луѓе, а самиот Јован се обидел да се сокрие зад дрво и да си го спаси животот. Меѓутоа, убиецот сакал да го спроведе она што го планирал.
„Ме издаде белиот дуксер, ме виде како ѕиркам од зад дрвото и ми рече ‘Еј ти зад дрвото!’ и почна да пука во мене, па повторно ме погоди во стомакот. Се обидов да побегнам, но се сопнав и во еден момент решив да останам таму и да лежам неподвижен. Се преправав дека сум мртов, не се мрднав…“, вели Ранковиќ, кој бил ранет со четири куршуми, во десниот лакт, белите дробови, слезината и дебелото црево.

„Лежев и слушав каде се движи, а набрзо слушнав шкрипење на отворањето на вратата и гас. Од тогаш изгледа изгубив свест бидејќи не се сеќавам на ништо. Следно што се сеќавам е викање, плач и многу луѓе, гужва… Тогаш само ја кренав ногата за да им дадам знак дека сум жив.
Повредениот млад човек од Мали Орашје рекол дека по излегувањето од болница собрал сили и отишол на местото на пукањето.
„Купив свеќи и отидов до споменикот. Тешко ми беше и студ ми помина низ целото тело, тешко е да се опише чувството што го имав тогаш“ со треперлив глас раскажа преживеаниот Јован. Мештаните масовно му пришле за да го поздрават и да му посакаат брзо закрепнување.
„Куршумот ми отиде точно над лактот, па сега имам шипки кои треба да ги носам неколку месеци, потоа исто толку време треба да носам гипс за да ја задржам раката фиксирана. После тоа, проценката на докторот е дека треба да одам на терапија“, вели Јован и додава дека болка чувствува само кога лежи.
Ноќта помеѓу 4 и 5 мај, 20-годишниот Урош Блажиќ со истрели од автоматско оружје уби осум лица во Дубона и Мали Орашје.
Тој го признал делото, односно дека со автоматска пушка на три локации пукал во неколку лица од групата.
Урош Блажиќ е во притвор кој му беше одреден на 6 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.

