Регион
Закажани нови протести во Атина против преспанскиот договор
Таканаречениот „Комитет за борба за Македонија“, сочинет од четири организации, за следната недела, односно на 20 јануари, закажа протест против преспанскиот договор што ќе се случува на атинскиот плоштад Синтагма.
Организаторите, преку соопштение, испратија порака дека грчката влада греши за придобивките од договорот, и ги повикаа Грците да дојдат на собирот за да се спречи предавството. Во соопштението се додава дека во историјата ќе останат запишани пратениците кои личниот и партиски интерес го ставиле над татковината и демократијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хрватска нема да ја купи српската нафтена компанија НИС
Хрватска нема намера да се стекнува со средства на српската нафтена компанија НИС, изјави вчера за новинарите претседателот на земјата, Зоран Милановиќ.
„Хрватска има поитни проблеми поврзани со енергетската компанија ИНА, а кој и да ја купи НИС… сигурно нема да биде Хрватска“, ја цитираше неговата изјава хрватската телевизија ХРТ.
Претходно, хрватскиот министер за економија Анте Шушњар изјави дека Загреб е подготвен да влезе во сопственичката структура на компанијата НИС доколку тоа ги реши нејзините проблеми. Според него, тоа би било во интерес и на Хрватска и на Србија.
Претходно во вторникoт, српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека српската рафинерија за нафта НИС (дел од Газпром Нефт) се префрлила на режим на намалена циркулација поради недостиг на нафта како резултат на санкциите на САД.
Како што е објавено, НИС, која е подружница на Газпром Нефт, беше вклучена на списокот со санкции на САД на почетокот на 2025 година. Во врска со ова, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека САД бараат целосно повлекување на рускиот капитал од таму .
Тој потсети дека во 2008 година српската влада ја префрлила контролата врз НИС на „Газпром Нефт“ и дека во последните години компанијата придонела за добивање значителни приходи во српскиот буџет, како и за развој на многу проекти.
Моментално, главни ко-сопственици на НИС се „Газпром Нефт“ (44,85%) и властите на Србија (29,87%).
Регион
Запален автомобил што го користел градоначалникот на Мостар
Во Мостар синоќа беше запалено службено возило што го користел градоначалникот Марио Кордиќ. Инцидентот веднаш бил пријавен во полицијата, која спроведува истрага, изјави градоначалникот.
Кордиќ во својот пост објавен на социјалните мрежи нагласи дека го смета овој настан за резултат на организирано создавање негативна атмосфера.
„Во последно време сме сведоци на организирано создавање наратив на омраза и напади врз мојата работа само затоа што ги штитиме интересите на градот Мостар“, напиша Кордиќ.
Тој додаде дека таков наратив има свои последици и дека „овој настан јасно покажува каква е целта на оние што го поттикнуваат“. Тој рече дека тоа нема да го спречи да ги извршува своите должности.
„Жал ми е што дојдовме во ситуација каде што мора да бараме полициска заштита за да ги извршуваме нашите должности, но тоа нема да нè спречи. Продолжуваме посветено, одговорно и исклучиво да работиме во интерес на Мостар“, нагласи градоначалникот.
Тој најави дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин
Регион
Училиштата во Загреб алармираат: ученици разменувале експлицитни материјали од насилство на „Ватсап“ група
Неколку основни училишта во западниот дел на Загреб ги предупредиле родителите за содржини што ги разменувале ученици во „Ватсап“-група наречена „Луѓенца“, објави „Јутарњи“.
Според информациите, во групата се споделувале експлицитни сексуални материјали, нацистички симболи и фотографии со крајно насилен и вознемирувачки карактер. Директори на училиштата ги повикале родителите да обрнат поголемо внимание на активностите на своите деца на мобилните телефони.
Една мајка за која пишува „Јутарњи“ изјавила дека е згрозена кога дознала на каков материјал може да наидат децата, предупредувајќи дека многумина родители не знаат како да пријават несоодветна содржина на „Ватсап“. Училиштата, според весникот, најавиле дополнителна едукација за безбедно користење на интернет.
Психологот Јокиќ Бегиќ за „Јутарњи“ изјавил дека ваквите случаи укажуваат на сериозен пад на општествените норми и недостиг на контрола, нагласувајќи дека решението е навремена едукација и јасно одбивање на вакви содржини од страна на јавноста.
Од Град Загреб за „Јутарњи“ потврдиле дека станува збор за неколку училишта и дека случајот е пријавен во полиција. Оттаму апелираат родителите да ги следат активностите на своите деца на социјалните мрежи и да пријавуваат сомнителни материјали.
Директорка на едно од училиштата, чија порака ја пренесува весникот, навела дека слични содржини се делат и на „Снепчет“, предупредувајќи дека станува збор за одвратна и опасна содржина што може да го загрози менталното здравје и безбедноста на децата.

