Контакт

Регион

Захариева: Гаранциите што ги бара Бугарија треба да се вклучат во преговарачката рамка за Северна Македонија

Објавено пред

Во интерес на Бугарија е Северна Македонија да се реформира. Единствениот начин за спроведување на овие реформи од страна на Бугарија е Европската Унија. Не се сомневам во ставот на министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, за Северна Македонија, но се чини дека има малку несогласувања за прашањето меѓу Министерството и министерскиот совет.

dobivaj vesti na viber

Имплементацијата на договорот за пријателство и добрососедство, кој ги гарантира основните човекови права, мора да стане дел од преговарачката рамка. Добро е да се видат резултатите, а потоа да се биде оптимист. Вклучувањето на гаранциите што Бугарија ги сака во преговарачката рамка е многу важен резултат. Фокусот на Скопје не беше на почнување преговори со ЕУ, туку на вклучување на бугарското барање во преговарачката рамка.

Ова во интервју за „Бгнес“ го изјави поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, член на ГЕРБ и заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи во Народното собрание.

„Не почувствував двоумење во ставот на министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, за Северна Македонија. Она што го забележав, а не беше директно кажано, изгледа е мало несогласување меѓу МНР и министерскиот совет. Се надевам дека тоа ќе се надмине и нема да биде така“, рече Захариева и додаде: „Она што го слушнав од неа и нејзиниот тим е дека ќе продолжат да ја следат политиката што ја следи нашата влада, како и рамковниот став и декларација во Народното собрание и сѐ што е досега направено на оваа тема“.

Захариева ја праша министерката Генчовска за преговарачката рамка коментирајќи дека за ова прашање повеќе од еден и пол месец ништо не се говори ниту од МНР ниту од министерскиот совет.

„Со Северна Македонија имаме нерешени билатерални прашања, а според скопскиот аспект, овие прашања се билатерални и немаат место во преговарачката рамка. Правото на самоопределување е европска вредност, тоа е човеково право. Имплементацијата на договорот, кој ги содржи основните човекови права, исто така мора да биде дел од преговарачката рамка. Мојот апел до министерката Генчовска е: не заборавајте на преговарачката рамка!“, порача поранешната шефица на бугарската дипломатија.

Захариева ја предупреди Генчовска да не паѓа во стапицата на Северна Македонија дека билатералните прашања немаат место во преговарачкиот процес.

„Добив уверување дека ќе продолжат да работат на преговарачката рамка, но сакам да чујам повеќе детали и навистина да ја забрзаат работата по тоа прашање“, додаде таа.

Според неа, прашање на време е кога ќе дојде до конфликтот меѓу претседателот Румен Радев и премиерот Кирил Петков.

„Тензијата се почувствува и при свикувањето на Советот за безбедност. Тогаш беше само чувство, сега стана видливо“, рече Захариева.

Од своето искуство како министерка за надворешни работи, Захариева ја предупреди актуелната влада да биде претпазлива од очекувањата на Северна Македонија.

„Знаете колкупати во текот на годините Бугарија со добра волја пристапи, колкупати даде рака, колкупати затворивме очи надевајќи се дека со дадена рака, убав тон и добри намери работите ќе се сменат на подобро. За жал, тие не само што не се подобрија туку имаме еден чекор напред, три назад. Од моето искуство, од искуството на бугарската политика во текот на годините и од многу влади досега, колку повеќе ги зголемуваме нашите очекувања, толку потешко ќе биде да се постигне напредок и толку потешко ќе биде за преговарачките тимови да постигнат нешто“, рече таа.

Според неа, авионската линија и нотата испратена за краткото и за долгото име на Северна Македонија, со која Македонците се откажуваат од територијални претензии, тешко може да се смета за сериозен напредок.

„Испратената нота не е лош чекор, не го потценувам. Многупати е кажано дека тоа ќе се случи, како што рече премиерот Зоран Заев, но и министерот за надворешни работи. Добро е што се случува, но повторно потенцирам, додека не се постигне договор, ништо не е договорено“, предупреди Захариева.

Според неа, интензивната работа е добра работа. „Не знам што ќе прават овие работни групи за да се собираат секоја недела бидејќи не знам кога ќе имаат време да разработат што договориле. Добро е да се видат резултатите и потоа да се биде оптимист“, рече поранешната министерка за надворешни работи.

За неа би бил голем успех доколку во преговорите се вметнат гаранциите што ги сака Бугарија.

Регион

Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени

Објавено пред

Од

Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.

„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.

Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.

„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.

Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.

Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.

 

фото/ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран

Објавено пред

Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.

dobivaj vesti na viber

Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.

Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади

Објавено пред

Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.

Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.

Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија2 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија2 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија5 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија5 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија5 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија6 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија6 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија6 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија7 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија7 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет11 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет11 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет12 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет12 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа12 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет12 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет18 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет18 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет19 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...