Регион
Избегнат инцидент помеѓу полицијата на БиХ и обезбедувањето на Ердоган
Избегнат бил инцидент помеѓу полицијата на БиХ и обезбедувањето на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на Меѓународниот аеродром во Сараево, кога членовите на обезбедувањето на Ердоган одбиле да поминат низ редовна аеродромска контрола.
Како што пренесуваат локалните медиуми, инцидентот го потврди директорот на Граничната полиција на БиХ, Зоран Галиќ, кој го пофали професионализмот и реакцијата на припадниците на Единицата на граничната полиција на БиХ, истакнувајќи дека, сепак, немало проблеми.
Тој вели дека оние кои доаѓаат мора да ги почитуваат законите на БиХ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Лајчак: Го ценам конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ што се води во Давос
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека го цени конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан што се одржува на Светскиот економски форум во Давос.
„Дискусија за ЕУ иднината на нашите соседи за која вреди да станеме рано. Ја ценам конструктивната дискусија за проширувањето на ЕУ на традиционалниот Светски економски форум во Давос“, објави Лајчак на мрежата „Икс“, зборувајќи за дипломатскиот дијалог за Западен Балкан.
Регион
Маж влегол во училиште во Белград и се заканувал дека ќе ги убие вработените
Маж кој се претставил како родител на ученик, попладнето влегол во холот на основно училиште во Видиковац, заканувајќи им се на вработените дека ќе ги убие, по што дошла полициска патрола и го однела, пренесуваат медиумите во соседството.
Родителите на учениците од тоа училиште добиле порака на заедничката вибер група од директорката на училиштето.
„Денеска околу 15 часот во училишниот хол влезе маж кој се претстави како родител на наш ученик, но не кажа кој, и се закани дека сите ќе не убие. Училишната полицајка набрзина интервенирала, по што дошла полициска патрола и го однела“, наведува директорката во известувањето до родителите кое било препратено до Н1.
По таа ситуација, таа информира дека утре главниот влез во училиштето ќе биде заклучен и отклучен доколку има потреба.
Според Н1, мажот е приведен во полициската станица, а истрагата е во тек.
Инаку за утре во 18 часот е најавен собир за поддршка на наставниците од училиштето кои ја прекинаа работата, јавува „Данас“.
Регион
Вучиќ: Веднаш да му подигнеме споменик на Трамп ако ја сопре војната во Украина
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Светскиот економски форум во Давос го даде своето мислење за решавање на украинскиот конфликт што го најави новиот американски претседател Доналд Трамп.
„Чекаме да видиме што ќе направи Трамп, утре да зборуваме тука од Давос. Шолц и Макрон се состануваат денеска, ги подготвуваат своите одговори, има многу проблеми и многу непознати во равенката. Доколку Трамп постигне прекин на огнот во Украина, сите треба му подигнеме споменик, ќе ја спаси цела планета. Господ нека ни е на помош“, рече српскиот претседател од Давос.
Вучиќ во Давос изјави и дека Србија е на европскиот пат, но дека треба во голема мера да се сврти и кон Азија, бидејќи од таму најмногу ќе се инвестира во наредниот период.
„Ние сме на европскиот пат и важно е нашата земја да ги забрза реформите, владеењето на правото и други работи, но сите бараат излез од економската ситуација што е можно повеќе во Азија и Африка, особено во Азија, па и ние мора да се свртиме на таа страна“, нагласи Вучиќ.