Регион
Избраниот привремен премиер на Бугарија сака да ја врати довербата во државните институции

Новиот привремен премиер на Бугарија, Стефан Јанев, денеска изјави дека приоритет на неговата влада ќе биде да обезбеди почитување на законот и да ја врати довербата на граѓаните во државните институции.
„Искрената и одговорна владина работа барем делумно може да ја врати изгубената доверба во државните институции. Посебен акцент ставам на спроведувањето на владеењето на правото“, рече Јанев за време на церемонијата на инаугурацијата, пренесува „Ројтерс“.
Премиерот, кој пред назначувањето беше секретар за одбрана и безбедност на бугарскиот претседател Румен Радев, исто така рече дека владата ќе стори сè за да обезбеди фер избори и дека ќе биде апсолутно бескомпромисна по тоа прашање.
Претседателот Радев го назначи Јанев да го предводи кабинетот до предвремените избори во јули откога парламентот формиран по минатомесечните избори не успеа да изгласа влада.
Според извештајот на меѓународната организација „Транспаренси интернешнл“, Бугарија е меѓу најкорумпираните земји членки на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.